Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И покрај намалената побарувачка, Кина продолжува со рекордното одгледување на пилиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > И покрај намалената побарувачка, Кина продолжува со рекордното одгледување на пилиња
Пазари

И покрај намалената побарувачка, Кина продолжува со рекордното одгледување на пилиња

Објавено 24/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кина минатата година, во кланица однела 9,3 милијарди пилиња, вклучувајќи ги и оние 4,4 милијарди бројлери кои биле најбарани во синџирите за брза храна. Кинеските производители на пилешко месо и покрај падот на побарувачката поради корона вирусот и понатаму продолжуваат со големото производство.

Според податоците на Министерството за земјоделство на Соединетите држави, се очекува, Кина како втор најголем светски производител на живина во 2020 година да произведе рекордни 14,85 милиони тони пилешко месо, што е значително зголемување од дури 18% во однос на минатата година (13,75 милиони тони).

-“Моментално цената е ниска. Не мислам дека тоа е само поради слабата побарувачка, туку има и голема понуда“, изјавил Пан Ченјун, постар аналитичар во „Рабобанк“.

Замена за свинското месо

Исто така, некои производители ги забрзаа своите проекти бидејќи минатата година им порасна профитот, откако се намалија количините на произведено свинско месо кое беше заменето со пилешко. Wellhope го зголеми производството за 36% во 2019 година, а со слично темпо продолжија и во првата половина на оваа година, покажале податоците на компанијата.

-“Забрзавме поради подобрите цени“, изјавил Јан Кортенбах, главен техниички директор на компанијата Wellhope-De Heus Animal Nutrition.

Како што тврди Walter Benz, претседател и генерален директор на германската компанија Big Dutchman Group која испорачува опрема за одгледување на живина, Кина од нив нарачала и нови кафези во кои можат да се сместат најмалку милијарда пилиња.

Иако производителите сакаат агресивно да го истакнат пилешкото месо, големите количини месо кои беа наменети за училишните мензи пропаднаа бидејќи училиштата беа затворени поголем дел од годината. Синџирите за брза храна исто така забележале помала побарувачка во однос на свинското месо. Но, од Wellhope  се надеваат дека поголем чекор во однос на консумацијата на ова месо ќе биде направен кај населението кое смета дека тоа месо е многу поздраво.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија
Кина очекува поплави и суша во 2026 година
Во Кина роботите ги заменија и сообраќајните полицајци
Кина возвраќа удар: Воведуваат царини за млечни производи од ЕУ
Кина троши 500 милиони литри флаширано вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка
Таг:кинаПилешко месопилињапобарувачка
Претходен напис Русија очекува најголема жетва на пченица досега?
Следен напис Денес можни локални врнежи – од утре повторно стабилно, суво и сончево време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?