Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности истекува 30 јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности истекува 30 јуни
Агровести

РКЕ: Рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности истекува 30 јуни

Објавено 29/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи. Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на РКЕ Барање за промена.docx или во архивата на РКЕ.

За секоја лиценца се поднесува поединечно Барање за промена, односно не може со еден Образец да се поднесе Барање за промена на повеќе од една лиценца, информираат од РКЕ.

Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта [email protected] или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта.

За промена на лиценцата по овој основ на носителот не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.

Од РКЕ ги информираат сите носители на лиценци за пробна работа согласно новиот Законот за енергетика лиценците за пробна работа ќе може да се продолжат исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени. Одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:барањалиценциРКЕутре
Претходен напис Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
Следен напис Американски трговски суд ги блокира царините на Трамп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?