Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
Агровести

Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење

Објавено 29/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месото од кафеавите мечки – заштитен вид во Европската Унија, наскоро ќе биде достапно за консумирање во Словачка. Имено, словачката Влада минатиот месец одобри лов и убивање на околу четвртина од 1.300 мечки во земјата.

Мечките станаа политичко прашање во Словачка по сѐ поголемиот број напади на луѓе, меѓу коишто и со смртни последици. Словачка, по бројот на напади, е втора во Европа, зад Романија, каде што, се проценува, има околу 13.000 кафеави мечки. Планот за заловување беше критикуван од опозицијата, вклучително и политичарите во Европскиот парламент. Но, иако кафеавата мечка е наведена како „речиси загрозена“ во ЕУ, словачките власти продолжуваат со планот. Најавена е и продажба на месото за јадење. Организациите под капата на Министерството за животна средина од следната недела ќе може да го понудат месото – под услов исполнување на сите законски и хигиенски услови.

Животните досега беа испраќани во собиралиште за трупови на убиени мечки, но министерот Филип Куфа смета дека тоа е „расипнички“ потег.

– Ќе дозволиме конзумирање на секое застрелано животно кое исполнува одредени услови… Зошто? Затоа што месото од мечка може да се јаде, објасни тој.

Околу јадењето месо од мечка, здравствените власти предупредуваат на опасноста од трихинела – паразит којшто предизвикува повеќе сериозни болести кај луѓето.

Месото од мечка не се јаде вообичаено во Европа и се смета за деликатес само во неколку подрачја, како што се делови од Источна Европа и нордиските земји.

Кафеавите мечки се строго заштитени според директивите на ЕУ. Може да бидат убивани само во исклучителни случаи – како закана за јавната безбедност, и кога нема други алтернативи. Во повеќето земји-членки на ЕУ, строгите правила за лов и заштитениот статус на мечките значат дека месото е ретко достапно. Кога е тоа случај, обично се работи за дозволен т.е. контролиран и лиценциран лов. И, најчесто, тоа месо не се наоѓа во обични продавници или ресторани.  

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:јадењекафеави мечкиловмесотоСловачка
Претходен напис Трипуновски: Во наредните денови ќе излезе јавниот повик за мерката позната меѓу граѓаните како 50-50
Следен напис РКЕ: Рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности истекува 30 јуни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?