Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Европската енергетска заедница да направи анализа зошто има нерамнотежа на цените на струјата во ЈИЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Европската енергетска заедница да направи анализа зошто има нерамнотежа на цените на струјата во ЈИЕ
Агровести

РКЕ: Европската енергетска заедница да направи анализа зошто има нерамнотежа на цените на струјата во ЈИЕ

Објавено 12/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја информираа Европската енергетска заедница дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија.

Претседателот Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со официјално писмо до директорот на ЕЕЗ Артур Лорковски бараат да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја. 

-Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите „ден однапред“ во јули 2024 година се движат од околу 159 ЕУР/MWh во Албанија, додека во Франција се околу 46 ЕУР/MWh. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот, се вели во дописот испратен до ЕЕЗ.

Освен РКЕ и МЕРМС и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија за оваа состојба ја алармирале Енергетската заедница.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анализаЕвропската енергетска заедницаРКЕструјатацените
Претходен напис МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)
Следен напис ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?