Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)
Агровести

МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Објавено 12/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка  за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. 

Од  МЖСПП денеска информираа дека НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Северна Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ  законодавство и барања за отпадот.

– НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад. Општата цел на НСУО 2024 – 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето, појаснуваат од МЖСПП.

Нацрт стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страната на МЖСПП, во делот на „Соопштенија” (www.moepp.gov.mk), како дел од јавниот увид (19.09.2024 – 19.09.2024). Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавноста, беа организирани 6 јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје).

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:МЖСППНационална стратегијаотпадуправување
Претходен напис Девизните резерви на крајот на август 4,46 милијарди евра
Следен напис РКЕ: Европската енергетска заедница да направи анализа зошто има нерамнотежа на цените на струјата во ЈИЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?