Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка
Агровести

ЕЦБ пред одлука за намалување на основната каматна стапка

Објавено 12/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на намалување на обемот на производството и пад на потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто, се очекува денеска Европската централна банка (ЕЦБ) да донесе одлука за намалување на основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 отсто. 

Ваквата одлука би била образложена со ставот дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата на два отсто нема да биде остварена барем до крајот на следната година.  

Очекувањата за намалување на основната камата за 0,25 процентни поени доаѓа по најавата на германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ за затворање на погони во Германија, која се соочува со втора последователна година на рецесија, како и по прогнозата на француската статистичка агенција ИНСЕЕ за пад на БДП на Франција за 0,1 отсто во четвртиот овогодишен квартал. 

Одлуката за намалување на каматните стапки се очекува да биде придружена со предупредувања дека инфлацијата се уште не е целосно под контрола и дека таа нема да се сведе до поставената двопроцентна цел до крајот на следната година.  

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел минатата недела предупреди дека не треба да се потценуваат предизвиците поврзани со инфлацијата, иако нејзината стапка во Еврозоната минатиот месец падна на 2,2 отсто, што е најниско ниво во последните три години. 

Во прилог на намалување на каматите одат и податоците за закрепнување на пазарот на домување во Еврозоната со побрзо темпо од очекуваното, на што укажува и растот на обемот на хипотекарните кредити, кој во јули достигна 71 милијарди евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕЦБнамалувањеодлукаосновната каматна стапка
Претходен напис РКЕ: Европската енергетска заедница да направи анализа зошто има нерамнотежа на цените на струјата во ЈИЕ
Следен напис 600 000 евра ГРАНТ за подигнување НОВ НАСАД, изградба на ФАРМА или набавка на земјоделска МЕХАНИЗАЦИЈА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?