Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рибар успеал да улови златна риба тешка 30 килограми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Рибар успеал да улови златна риба тешка 30 килограми
Магазин

Рибар успеал да улови златна риба тешка 30 килограми

Објавено 22/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Старата бајка „Сказна за рибарот и рипката“ на рускиот писател Александар Пушкин раскажува за рибарот кој фатил златна риба и која му ветила дека ќе му исполни каква било желба ако ја ослободи. Оттука потекнува фразата за златната риба и нејзината моќ да исполни три желби.

Во реалноста, златните риби не исполнуваат желби, но можат да бидат убави домашни миленици. Нивните аквариуми не зафаќаат голем простор во домот бидејќи, вообичаено, овие риби се малечки.

Сепак, рибарот Енди Хекет успеал да улови златна риба тешка, верувале или не, 30 килограми. Оваа златна риба, која го добила името Морков поради нејзината портокалова боја, е една од најголемите во светот, пишува „Њујорк пост“.

Хекет ја уловил рибата во езерата Блувотер во францускиот регион Шампања. Рибата живеела во езерото речиси 20 години и оттогаш се покажала како многу тешка за ловење. Тој поминал 25 минути влечејќи ја.

„Отсекогаш знаев дека Морков е наоколу, но никогаш не мислев дека ќе ја фатам. Почувствував дека нешто големо ја фати мамката. Кога се појави на површината, видов портокалова боја. Супер е што ја фатив, но тоа беше чиста среќа“, вели четириесет и двегодишниот Англичанец.

Хекет гордо позирал со рибата пред да ја врати назад во водата.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:златна рипкасемејствоуловил
Претходен напис Во четврток ќе се одржи едукативна и информативна средба со земјоделците во Тетово
Следен напис Во петок во Лозово трибина со земјоделци за Органско производство и информации за новиот Закон за задолжително осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?