Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кроење на винова лоза во род
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Кроење на винова лоза во род
Совети

Кроење на винова лоза во род

Објавено 07/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зимската резидба/кроење на виновата лоза е агротехничка мерка со која започнуваат сезонските работи во лозјата и истата се извршува редовно секоја година. Лозата се реже за да го забрза почетокот на пораното доаѓање во род, да и даде одредена форма на пенушката со што ќе се олесни обработката на почвата, да воспостави рамнотежа помеѓу кореновиот систем и надземниот дел, да се отстранат болните ластари од разни заболувања и да се отстранат сувите и замрзнати делови.
Исто така со резидбата се остава саканиот број на окца на ластарот и вкупниот број на пенушката. За да се изврши резидбата квалитетно, пожелно е да ја извршуват додро обучени и искусни работници. Од голема важност е и тоа да се знае, дека родноста на сите окца по должината на ластарот не е еднаква. При основата на ластарот окцата се помалку родни, кон средината
родноста се зголемува и како се оди кон крајните окца, родноста се намалува.
Во лозовите насади на род, основната или зимска резидба се извршува во периодот на мирување на лозата или од опаѓањето на лисјата па се до пред самото потерување на окцата на пролет. Обично во наши услови, земјоделците со помала површина, резидбата ја извршуваат во втората половина на месец февруари, со цел да го избегнат солзењето на лозата, со кое се губат хранливи материи многу важни за развојот на младите ластари.

Кај нас, во зависност од развиеноста на пенушката, повеќето лозари ја извршуваат мешовитата резидба, односно на една пенушка оставаат по два лака со по шест до осум окца и два кондира CO по едно до две окца.

При резидбата пожелно е да се оставаат ластари за лакови со средна дебелина, односно дебелина на молив, бидејќи кај нив окцата се посигурни за потерување, а да се избегнуват подебелите ластари од причина што, кај нив дел од окцата не се добро формирани и созреани и се случува голем број да не потераат.

Пред да се пристапи кон резидба потребно е алатот добро да се дезинфецира во чист алкохол.

Откако ќе заврши со резидбата, се препорачува на стеблото и краковите да им се исчисти старата кора, бидејќи под неа се наоѓаат и презимуваат разни инсекти и болести кои се активираат штом настапат топлите денови, но, од непознати причини повеќето лозари не ја извршуваат оваа многу важна механичка мерка.
Како наредна активност која треба да се изврши во лозјето е врзување на ластарите оставени за лакови за првата жица од потпорната конструкција.

Зимско прскање на виновата лоза

Од голема важност е од кога се заврши со резидбата, да се пристапи кон зимска заштита на лозјата. Препорачливо е да се извршат две зимски третирања.
Првото превентивно, со препарати на база на бакар, за заштита од црна пегавост (phomopsis vitikola) и тоа во фаза на мирување на лозата и второто прскање се врши кога окцата се во фаза на набабрување, со маслени препарати. Прскањето се извршува при сончево, тивко и без ветер време и на позитивна температура.


Катерина Колева, АПРЗ

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:винова лозагрозјекроењерезидба
Претходен напис Без дигитална трансформација помала конкуретност на домашниот и светските пазари
Следен напис Историска одлука на Владата – жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?