Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Без дигитална трансформација помала конкуретност на домашниот и светските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Без дигитална трансформација помала конкуретност на домашниот и светските пазари
Агровести

Без дигитална трансформација помала конкуретност на домашниот и светските пазари

Објавено 07/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дигитализацијата е општ тренд, но ние сме малку поназад, но без неа помала е конкуретноста на компаниите на домашниот и светските пазари.

Ова беше истакнато на денешната инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), која денеска се одржа во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Компании од туристичкиот и земјоделско-прехранбениот сектор имаа можност да аплицираат на тековниот повик , кој ФИТР го реализира во партнерство со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

Вкупниот буџет на овој повик е 300 илјади евра во денарска противредност. Од тие средства една третина е учество на Програма за зголемување на пазарната вработливост, додека две третини од средствата, приближно 200 илјади евра се обезбедени од Фондот. Од него се обезбедува финансирање до 70 отсто од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатие, односно до 50 отсто од вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

-Компаниите за да бидат конкуретни во домашните и светските пазари тогаш дигитализацијата е неизбежна. Тоа е процес кон кој мора забрзано да се приклучуваме. Со дигитализацијата сакаме да постигнеме позитивни ефекти, а не негативни кои можат да произлезат. Бараме да видиме дека компанијата ќе знае да ја воспостави дигитализацијата и да се справи со сите можни ситуации кои може да ги донесе дигитализацијата, рече Ирена Ѓоргиевска, раководител на Сектор за имплементација на програма во фондот.

Целта на повикот е да се овозможи зголемување на иновативноста и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење.

-Инфо сесијата наиде на голем интерес и се надеваме дека така ќе биде и во процесот на аплицирање. Ова е одлична можност за микро, мали и средни компании да аплицираат во делот на подобрување на нивните внатрешни процеси за да се зголеми конкуретноста на компаниите од овие сектори, рече Тања Ѓоргиевска, заменик директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

Освен во Струмица, инфо сесии ќе се одржат и во повеќе градови во државата каде заинтересираните компании ќе се информираат за условите и критериумите за аплицирање. 

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:дигитална трансформацијаконкуретностпазари
Претходен напис (Видео) Како да одгледате моркови во пластични вреќи
Следен напис Кроење на винова лоза во род
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?