Руската консултантска компанија SovEcon ја зголеми прогнозата за жетвата на пченицата за оваа година на 94,7 милиони тони од претходно очекуваните 90,9 милиони тони, пренесе Interfax.
Прогнозата е зголемена поради рекордно високиот тековен принос на пченица во многу региони и подобрата состојба на проетната пченица по доѓдот што падна претходните недели, најавуваат тие.
Просечниот принос изнесува рекордни 4,4 т/ха (инаку е 3,7 т/ха), а до крајот на јули се ожнеани 48 отсто од површините.
Исто така, SovEcon ја зголеми прогнозата за производство на јачмен од 20,2 на 20,6 милиони тони, пченка од 14,7 на 15,1 милиони тони. Вкупната жетва на жито се проценува на 142,6 милиони тони, наспроти 137,5 милиони тони предвидени во јули.
Консултантската куќа соопшти дека рекордниот руски род може да има ограничено влијание на глобалниот пазар, бидејќи извозот во маркетиншката годината 2022/23. почна бавно.
Кога станува збор за залихите на житарки во Русија, тие на 1 август 2022 година изнесувале вкупно 23,3 милиони тони, што е пад од 2,1 милиони тони (8 проценти) во споредба со истиот датум во 2021 година, објави Федералната државна служба за статистика, Росстат.
Конкретно, залихите на пченица изнесувале 18,5 милиони тони, што е намалување за 117,9 илјади тони (1%) во 2021 година, на пченкат 760,9 илјади тони, што е зголемување за 80,3 илјади тони (12%).
Кај сончогледот залихите изнесувале 387,9 илјади тони што е зголемување за 279,9 илјади тони.
