Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рекорден извоз на руска пченица во април? Кои се купувачите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рекорден извоз на руска пченица во април? Кои се купувачите?
Агровести

Рекорден извоз на руска пченица во април? Кои се купувачите?

Објавено 18/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според податоците на Руската унија за житарки, оваа земја од 1 до 10 април испорачала 2,196 милиони тони жито за извоз, што е за 2,6 пати повеќе отколку во истиот период минатата година, пренесува APK Inform.

Поточно, во првите 10 дена од овој месец испораките на пченица се тројно зголемени – на 1,95 милиони тони. Извозот на пченка изнесува 168,7 илјади тони (+32,1%), јачмен – 76,2 илјади тони (1,5 пати намалување).

За овие десет дена во Саудиска Арабија се испорачани 219,4 илјади тони пченица, а со купување овој месец почнала и Либија (63,3 илјади тони), Пакистан (59,8 илјади тони), Танзанија (54,2 илјаси тони), Јемен (53,9 илјади тони), Шпанија (43 илјади тони) и Израел (33 илјади тони).

Растат и испораките во земјите кои се традиционални купувачи на руска пченица – за Турција се зголемени за 32,3% на 540 илјади тони, Египет за 3,3 пати на 180,8 илјади тони, и Иран – за 24% до 162,6 илјади тони.

- Реклама -
Ad image

Се предвидува дека Русија во април може да извезе околу 4,2-4,5 милиони тони пченица, што е блиску до рекордот за овој месец, прогнозира SovEcon.

Во април 2020 година се извезени рекордни 5 милиони тони.

Како што истакнуваат аналитичарите, извозот на руската пченица се забрзува поради падот на цената на житото во земјата и стабилизирањето на светските пазари. Така, од 6 април, цените на руската пченица од трета класа паднаа на 11.475 рубли за тон (0,13 евра/тон). Последен пат толку ниска вредност е забележана на 27 ноември 2019 година. Високите залихи и ниската побарувачка се главните фактори зад овој тренд.

Тие наведуваат и дека извозните цени на пченицата се стабилизирани.

Може да ви се допадне

Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир
Од полноќ ново намалување на цените на горивата
Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите
Митовски за кравите: Дајте ми мандат за дејствување, ќе го решам проблемот
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“
Претходен напис Одржување на земјиштето во насади со ореви
Следен напис И Бугарија ја „спушта рампата“ за украинското жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?