Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одржување на земјиштето во насади со ореви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Одржување на земјиштето во насади со ореви
Совети

Одржување на земјиштето во насади со ореви

Објавено 18/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојат повеќе начини за одржување на почвата во насадот со ореви.

Почвата може да се одржува со редовно обработување меѓу редовите и третман со хербицид на површината околу дрвјата или комбинација од трева и мулч.

Како ќе се обработува земјиштето и во каква состојба ќе се одржува, најмногу зависи од наклонетоста на теренот, количината и распоредот на врнежите, видот на земјиштето итн.

Кај младите овошни насади, без разлика на наклонетоста на теренот и количината на врнежи, земјиштето, барем околу овошките, мора редовно да се обработува. Доколку дозволува наклонот, почвата меѓу редовите треба редовно да се обработува со помош на дискови, култиватори и други машини за површинска обработка, така што почвата секогаш треба да биде без плевел. Ваквата состојба на почвата се одржува со примена на хербициди, со помош на мотокултиватор или со копање.

Земјиштето во насадите во род се ора и обработува меѓу редовите, а површината во редот се третира со хербициди. Третирањето со хербициди обично се врши три пати годишно. Оревите се борат со плевелот до одреден степен и сами, со помош на густата сенка, а во голема мера и со токсичното дејство на некои плевели наречени „југлон“ кои ги произведува коренот на оревот (коренот на младите садници го произведува многу малку, па затоа овој ефект не се забележува кај младите насади).

Наесен, веднаш по расфрлање на арското ѓубриво, калиумовите и фосфорните ѓубрива и обично 1/3 азотни ѓубрива, се врши зимска обработка, со орање, при што треба да се води сметка површината да остане што порамна.

Следната година се ора во спротивна насока така што површината секогаш е речиси рамна.

Непосредно пред бербата, почвата се обработува содискова брана попозната како тањирача за полесно да се собираат оревите. Кога ќе заврши бербата, земјата повторно се обработува со тањирача. На многу наклонети терени (наклон поголем од 10º) со големо количество врнежи (над 1000 мм) или доколку се наводнува, може да се одржува ледина каде што тревата се коси најмалку 7-8 пати годишно и се остава под овоштарникот. Најдобро е тревата да се коси со ротокосилки, кои ја исфрлаат тревата во редови под овошките. Бидејќи тревата од земјиштето извлекува големи количества вода и минерали од почвата, насадите треба да се наводнуваат, а количината на ѓубрива да се зголеми и до 50%.

Извор: agrosavjet

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:насадиореви
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Следен напис Рекорден извоз на руска пченица во април? Кои се купувачите?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?