Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РБСМ: Наменски кредит за преработка на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > РБСМ: Наменски кредит за преработка на земјоделски производи
Агросектор

РБСМ: Наменски кредит за преработка на земјоделски производи

Објавено 25/05/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цел на кредитната линија е подобрување и развој на производните способности кај микро, малите и средните претпријатија чија основна дејност е производство, преработка на земјоделски производи или извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Со тоа би се подобрил капацитетот на микро, малите и средните претпријатија за настап на домашниот и странските пазари и би се зголемиле инвестициите, вработеноста и конкурентноста во Република Северна Македонија.  

Намена на кредитната линија

Набавка на основни и обртни средства и тоа:

  • опрема за преработка на земјоделски производи;
  • изградба на нови и купување или реконструкција на постоечки производни објекти во функција на преработка и складирање на земјоделски производи;
  • откуп на земјоделски производи за преработка (најмалку 70% од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство);
  • набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна;
  • набавка на компоненти од неземјоделско потекло во функција на крајниот производ (најмногу 30% од инвестицијата);
  • амбалажа и етикетирање.

Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.

Износ по проект

Максималниот износ по поединечен проект изнесува до 30.750.000 денари (500.000 евра).

Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари.

Каматната стапка за крајниот корисник е 2% годишно фиксна каматна стапка. Еднократниот надоместок при исплата изнесува 0,8% од износот на исплатениот кредит.

Рокови

За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 18 месеци.

За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци.

Искористување на средствата од кредитот и рефинансирање

Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата.

За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до Банката во рок од осум дена од денот на плаќањето.

Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 денови пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до Банката.

Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација).

Кој може да аплицира

Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат преработка на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – МЗШВ).

Критериуми кои треба да бидат исполнети

  • Сопствено учество најмалку 20% од вкупната инвестиција (истото не мора да е во парични единици, односно може да е и во средства);
  • Степен на тековна ликвидност минимум 0,7;
  • Степен за способност за сервисирање на долг минимум 0,5;
  • Позитивен финансиски резултат во последната фискална година;
  • Да нема достасани неизмирени обврски кон државата (даноци, придонеси и др.)
  • Согласно кредитен регистар на НБРСМ, класификација подобра или еднаква на „Б“

По исклучок кредитобаратели можат да бидат:

  • Новоосновани претпријатија чии што основачи се правни лица со позитивен финансиски резултат во последната фискална година;
  • Претпријатија кои во последната фискална година оствариле негативен финансиски резултат, доколку обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.

Обезбедување од крајните корисници

  •  Хипотека од прв ред најмалку во висина од 1,5:1 во однос на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата; или
  • Банкарска гаранција во висина на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата.

Потребна документација

Целокупната документација за кредитот се поднесува во оригинал до РБСМ (може и преку препорачана пошта, за да имате потврда дека е пристигната).

1. Барање за кредит (формулар на РБСМ);
2. Апликација за идентификација на клиент (формулар на РБСМ);
3. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ);
4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП);
5. Решение за упис во соодветните регистри на откупувачи на земјоделски производи при
    МЗШВ;
6. Бизнис план или инвестициона програма;
7. Договори за откуп;
8. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон (копија);
9. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата);
10.1 Биланс на состојба и биланс на успех (копија) и заклучни листови со истите дати;
10.2 Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена;
10.3 Промет на жиро сметка за тековната година (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководство);
10.4 Аналитички преглед по комитенти (спецификација на групи 12 – купувачи, 22 – добавувачи и 25 – кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови;
10.5 Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат);
10.6 Акционерска книга и книга на удели;
11. Изјава за капитална поврзаност (формулар на РБСМ);
12. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот;
13. Изјава за задолженост во други банки и финансиски институции (формулар на РБСМ);.
14. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ).
15. Изјава за проверка на кредитна изложеност (формулар на РБСМ)

Преземи документи

Формуларите на РБСМ може да ги преземете на следните линкови:

  • Кредитно барање
  • Апликација за регистрирање на клиент-правно лице
  • Изјава за поврзаност со други правни/физички лица
  • Изјава за задолженост во други банки
  • Изјава за носител на јавна функција
  • Изјава за проверка на кредитна изложеност на клиент

Вложувањето во агрокомплексот во моментов е најсигурната инвестиција за сите што планираат да имаат сопствен бизнис или да го развијат постојниот. За земјоделците и агробизнисмените мотив плус да вложуваат во зголемување на производството.

Кризата со вирусот COVID -19 покажа дека производството на храна е најдоходовен бизнис, а руралниот развој перспективна гранка за која и Европската унија покажува голем интерес преку фондови и неповратни финансиски средства.

Владата на Република Северна Македонија преку разни програми нуди можности за започнување на семејни агробизниси и за модернизирање и зголемување на производството на храна преку домашни и ЕУ фондови.

Апликациите можете да ги подготвувате и сами, но комплицираноста на постапката и обезбедувањето на потребната документација, бара стручност и знаење за да бидете сигурни дека ќе се прифати вашата апликација.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Агрометео: ПРОЛЕТНИ АГРОТЕХНИЧКИ МЕРКИ ВО ЛОЗЈЕТО
Вештачка интелигенција во банките: Што ако ботот не го одобри кредитот?
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Таг:агрокултурабанкаЗемјоделствокредиткредитирањеобработкаразвојна
Претходен напис Езерото Козјак еднаш во годината станува црвено од алгите, многу интересен феномен
Следен напис РБСМ: Наменски кредит за извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?