Езерото Козјак еднаш во годината станува црвено од алгите, многу интересен феномен.
-Имавме среќа и го овековечивме тој момент, пишува на Фејсбук страницата „Брезница“.
Најголемо вештачко езеро во Република Македонија, а пред се по вкупното количество вода е Езерото Козјак. Веднаш зад него се Мавровско Езеро, Тиквешко Езеро и езерото Калиманци.
Езерото Козјак се наоѓа во западниот дел од Македонија, односно во поречкиот крај. Се наоѓа на реката Треска, во нејзината Голема Клисура, на 15 км спротивно од браната на реката Треска. Опколено е со бројни ридови и падини кои му даваат посебна убавина во сите годишни времиња, а водите на реката Треска кои го напојуваат, се вбројуваат меѓу најчистите води на Балканот.
Езерото Козјак е долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500 метри, а круната или врвот 310 метри. Водите на реката Треска кои го напојуваат езерото, се вбројуваат меѓу најчистите води на Балканот. Езерото зафаќа површина од 13.5 км², а акумулира 570 милиони м³ водa.