Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Размножување на костен за производство на плодови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Размножување на костен за производство на плодови
Совети

Размножување на костен за производство на плодови

Објавено 23/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Костенот во шумите многу брзо се размножува со изданоци од кореновиот дел кои остануваат после сечата, со семе и садење садници произведени во расадници. Со сеидба на семето и садење на некалемени садници се подигааат нови костенови шуми.

Размножување за производство на плодови

За искористување на плодовите, костенот се размножува на ист начин како и оревот: со сеидба на семе на постојано место и садење на калемени или некалемени садници.

Разлики во однос на оревот:

-Никнувањето трае најмногу 6 месеци па треба да се сеат веднаш по созревањето т.е во октомври. Ако тогаш не можат да се посеат, мора да се посеат во март, најдоцна во првата половина на април.

-Кората со окцето многу полесно се одделува отколку кај оревот па затоа и калемењето е полесно. Во пракса најмногу се употребуваат овие два начини на калемење:

а) во овошни расадници со спојување на овој начин, пред почеток на вегетацијата, можат да се калемат израстоци околу 10 см над земјата веќе во втората година по сеидба на семето.

б) на постојано место – на овој начин можат да се калемат израстоци во 5-7 година по садење или по никнување на семето. На прстен се калеми нешто подоцна во пролет, кога пупките ќе набабрат, а кората со пупките може лесно да се одвои од дрвото. Прстенот се става во висина од 1-2 метри од земјата.

Костенот со цел производство на плодови на постојано место се сади на растојание од 18 x 15 м. Првите години треба да се врши режење за да се формира симетрична крошна.

Режењето подоцна не е потребно, бидејќи се формираат правилни крошни кои можат да дадат 100-150 плодови на хектар.
Инаку, костенот не бара некоја особена нега. Главно е да му одговараат местоположбата и земјиштето. Ако тие не му одговараат, нема да му се помогне со никаква нега.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:костен
Претходен напис Обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци за Излезната фаза на Програмата за зачувување на природата
Следен напис Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?