Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци за Излезната фаза на Програмата за зачувување на природата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци за Излезната фаза на Програмата за зачувување на природата
Агровести

Обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци за Излезната фаза на Програмата за зачувување на природата

Објавено 23/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), со што ќе се придонесе кон постигнување на одржливост на резултатите добиени во рамките на ПЗП во изминатите осум години, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Времетраењето на Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата е три години, а за нејзина реализација се обезбедени средства во висина од 1,9 милиони швајцарски франци од страна на швајцарска Агeнција за развој и соработка.

Координатор на Програмата е „Фармахем“, а главен корисник на резултатите и партнер е МЖСПП. Главната цел на излезната фаза од ПЗП е да се даде поддршка на телото за управување со заштитениот предел Осоговски Планини, поддршка на иницијативата за прогласување на Малешево за заштитено подрачје, поддршка на НАТУРА 2000 процесот, како и поддршка во развојот и сроведување на шемата за плаќање екосистемски услуги.

Нуредини се заблагодарил за поддршката што Швајцарија ја дава на Министерството преку Програмата за зачувување на природата, посебно истакнувајќи го успехот со прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел што е прва заштита од таков вид во државата, но и за останатите активности кои се реализираат во делот на заштита на природата.

– Ние сме многу задоволни од постигнатите резултати во текот на последните осум години од спроведувањето на Програмата за зачувување на природата, изјави амбасадорката Техада.

Таа истакна дека во спроведувањето на програмите за развој смета дека е исклучително важно да се обезбеди одржливост на постигнатите резултати и спроведените процеси, како и нивно унапредување, а партнерите да можат да ги извршуваат своите должности и задачи самостојно, без поддршка на програмите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвНасер Нурединишвајцарија
Претходен напис Повик за учество на Tендер за „Изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“
Следен напис Размножување на костен за производство на плодови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?