Праски или нектарини, некои повеќе ги сакаат едните, а некои другите. Некои сметаат дека праските се послатки и посочни, додека некој тоа го мисли за нектарините.
Разлика
Дали знаете која е главната разлика во овие овошја, освен кога станува збор за влакненцата?

Нектарината всушност е вид на праска. Во суштина, само еден мал рецесивен ген ја дели нектарината од тоа да биде праска.
Праските потекнуваат од Кина, каде ги одгледувале за комерцијални цели, додека во Северна Америка пристигнале кон крајот на 19 век.
Нектарините во Калифорнија се одгледувале од 1940 година бидејќи имаат повеќе „месо“, во однос на претходните видови и за да бидат подостапни за пошироките маси.
Дали е важна разликата?
Кората на праските е прекриена со заштитен слој на влакненца и обично се отстранува при подготовка на џем и подготовка на пити, бидејќи при варење или печење може да стане тврда.
Кората на нектарините е малку потенка и затоа е позгодна за правење на колачи, бидејќи нема потреба да се лупи.

Освен тоа навистина нема некоја поголема разлика. И праските и нектарините се вкусни и сочни, а сезоната им е во јули и август, иако можете да ги најдете во доцна пролет и рана есен. И едните и другите се подеднакво вкусни, без разлика дали се свежи или термички обработени. Она што им е исто така заедничко е семката.
И кај едните и кај другите, таа може да се зарие длабоко во месото, што малку ќе ви го отежне нејзиното отстранување, а може да биде и лабава и дури и сама да отпадне.
За која и да се одлучите, помирисајте ги за време на берењето – повкусното овошје би требало да има поинтензивен и посладок мирис. Зрелите праски се помеки на допир. Земете од оние со црвенкаста и кремасто бела или црвена боја и задолжително избегнувајте ги оние со зелена петелка, или оние кои на поедини места, станале кафеави поради нагмечување.
Извор: Objektiv.rs