Глобалниот увоз на замрзнато овошје двојно се зголеми во последната деценија. Така, во однос на вредностите, увозот достигна неверојатни 5,8 милијарди долари во 2020 година, пишува во написот Global trade! Погледнете кои други земји најмногу извезуваат, а кои увезуваат замрзнато овошје.
САД и Германија се најголеми увозници
САД и Германија сè уште се најголеми увозници на замрзнато овошје во светот, со вкупно учество од 34% во глобален број. Минатата година просечната глобална увозна цена на замрзнато овошје била 2.121 долар за тон. Значи се зголемила за 8,2% во однос на тогашниот период.
Во 2020 година, глобалниот увоз на замрзнато овошје изнесува 2,7 милиони тони, што е зголемување за 3% во однос на 2019 година. Во вредности, увозот на замрзнато овошје е зголемен за дури 11,4%.
Значи, глобалниот увоз на замрзнато овошје е двојно зголемен во последната деценија.
Во 2020 година, САД (544.000 тони) и Германија (376.000 тони) беа клучни увозници на замрзнато овошје ширум светот, со 34% од вкупниот увоз. Следна на листата е Франција (186.000 тони), а по неа е Холандија со 159.000 тони. Сите овие земји заедно имаа 13% удел во вкупниот увоз.
Други увозници: Полска – 115.000 тони, Белгија – 113.000 тони, Канада – 100.000 тони, Кина – 98.000 тони, Русија – 95.000 тони, Австрија – 66.000 тони и Австралија – 55.000 тони и заедно сочинуваат 31% од вкупниот извоз.
Во однос на вредноста, најголеми пазари за увоз на замрзнато овошје во светот беа САД (1,1 милијарди долари), Германија (675 милиони долари) и Кина (428 милиони долари), со заеднички удел од 39% во светскиот увоз.
Просечната увозна цена на замрзнатото овошје беше 2.121 долари за тон во 2020 година, што претставува зголемување од 8,2% во однос на претходната година. Значајни разлики во просечните цени се забележани меѓу главните земји увозници. Така, земја со највисока цена беше Кина (4.385 американски долари за тон), додека Русија (1.148 американски долари за тон) беше меѓу земјите со најниски цени.
Во 2020 година, најзначајна стапка на раст во однос на цените оствари Австрија, додека другите светски лидери забележаа поскромен раст.
Најголеми извозници на замрзнато овошје
Во 2020 година најмногу овошје извезле:
Полска (335 илјади тони)
Србија (205 илјади тони).
Канада (201 илјади тони);
Мексико (159 илјади тони);
Кина (133 илјади тони);
Холандија (115 илјади тони) и
Египет (113 илјади тони).
Овие земји заедно сочинуваат 52% од вкупниот извоз.
Други земји извознички:
Перу (101 илјади тони);
САД (101 илјади тони);
Мароко (85 илјади тони);
Костарика (75 илјади тони);
Белгија (73 илјади тони) и
Германија (61 илјади тони)
Овие земји учествуваа со релативно мал удел во вкупниот извоз.
Извор: globaltrademag.com
