Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
Агровести

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници

Објавено 24/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, станува се пофреквентен, што го потврдува и податокот дека само  во изминатиот викенд минале 26 137 патници.

-Гледано одделно, во саботата регистрирани се 15 290 патници, при што 10 229 се странски, од нив на влез 5339 и на излез 4890 патници,  додека 5061 се македонски државјани, на влез 2041 и на излез 3020 патници. Во неделата регистрирани се 10847 патници, од нив 7148 се странци, при тоа на влез 3726 и на излез 3422, додека 3699 се македонски државјани, од нив 1625 на влез и 2074 на излез, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид. 

Кога станува збор за странски државјани, тоа главно се албански граѓани, од пограничниот регион кои редовно во Дебар доаѓаат за да набават гориво, кое, како што самите велат, е со пониска цена но и со повисок квалитет. Посебно нив ги има во саботните денови, што потврдува и бројката, кога во Дебар е пазарен ден, но доаѓаат и во посета на туристички места во поширокиот регион. Секако дел се странци кои одат во посета на Албанија.

Што се однесува до македонските државјани тие главно заминуваат на албанското крајбрежје, посебно во Шенѓин и Драч. 

На преминот на македонска страна функционираат четири шалтери, што условува побрз проток на патниците, додека, според албанските медиуми, на албанска страна само два, што создава колони со возила, поради што од албанските власти бараат преземање соодветни мерки.

Во меѓувреме по македонската и албанската влада го изгласаа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, кој по преминот „Ќафасан“, кај Струга треба да профункционира и на овој граничен премин.

МИА

Може да ви се допадне

Екстремни жештини во Италија, Велика Британија, Франција, Белгија и Шпанија
Без струја село Студеничани, без вода од ул. „Салвадор Аљенде“
Времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани
Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Таг:26 137 патнициБлатофреквенцијата
Претходен напис Летна салата со тестенини
Следен напис Екстремни жештини во Италија, Велика Британија, Франција, Белгија и Шпанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?