Топол и ароматичен јапонски специјалитет со богата пилешки бујон, нежно месо, нудли, шитаке печурки и меко варено јајце. Ѓумбирот, соја сосот и свежиот зеленчук му даваат прекрасна арома и богат умами вкус.
За течноста:
- 800 г пилешко месо со коска – копани или батак
- 1 праз
- 1 главица кромид
- 1 цела главица лук
- парче свеж ѓумбир
- 3–4 моркови
- 5–6 шитаке печурки
- околу 2,5–3 л вода
За сосот:
- 8 лажици терјаки сос
- 2–3 лажици соја сос, или по вкус
- 2 млади кромидчиња
- свеж ѓумбир, по вкус
За сервирање:
- 400 г нудли
- 4 јајца
- сусам црн и бел
Подготовка:
Во големо тенџере ставете го пилешкото, празот, кромидот, лукот, морковите и ѓумбирот. Налејте со вода и оставете да се вари на тивок оган околу 1½–2 часа, за да се добие ароматичен и богат бујон. Пилешкото извадете го од тенџерето, одвојте го месото од коските и исечете го на помали парчиња. Бујонот процедете го, а морковот можете да го исечете и да го додадете при сервирањето. Шитаке печурките додајте ги во процедениот бујон и варете ги уште неколку минути. Потоа извадете ги и исечете ги на парчиња.
Во мал сад измешајте ги терјаки сосот, соја сосот, ситно сечканиот млад кромид и малку свеж ѓумбир. Нудлите сварете ги одделно според упатството на пакувањето. Не ги варете во бујонот. Јајцата варете ги 7–8 минути, за жолчката да остане мека. Изладете ги, излупете ги и пресечете ги на половина.
Во длабоки чинии ставете од подготвениот сос, па налејте го врелиот пилешки бујон. Додајте ги нудлите, пилешкото и шитаке печурките. Одозгора ставете по половина јајце, додајте малку млад кромид и наросете со сусам.
Послужeте го врел и веднаш по подготовката, додека нудлите се свежо сварени, а пилешкото и бујон се топли и ароматични.
МИА
