Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв германско-македонски бизнис самит
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв германско-македонски бизнис самит
Агровести

Прв германско-македонски бизнис самит

Објавено 29/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Самитот, кој ќе се одржи под мотото „Градиме мостови и заеднички ја обликуваме иднината“ во хотелот DoubleTree by Hilton, се организира по повод 25-годишнината од основањето на АХК Северна Македонија и Македонско-германското стопанско здружение (DMWV).

Настанот ќе ги обедини клучните актери од политиката, економијата и институциите од двете земји, нудејќи платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и стратешките партнерства.

Германија е најголемиот трговски партнер на Северна Македонија, со речиси 50% од македонскиот извоз насочен кон германскиот пазар. Над 200 германски компании досега инвестирале во земјата, отворајќи околу 28.000 работни места во автомобилската индустрија, медицината, логистиката и ИТ-секторот.

Самитот ќе понуди богата програма, вклучувајќи свечено отворање од премиерот Христијан Мицкоски, обраќања од високи германски претставници, како и две панел-дискусии на теми поврзани со инвестициските предизвици и обезбедувањето квалификуван кадар.

Во рамки на самитот ќе се одржи и „Startup Innovation Stage“, каде младите македонски стартапи ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи пред потенцијални инвеститори.

Првпат ќе биде доделена и наградата German-Macedonian Business Award 2025 за компании кои се истакнале со својот придонес во билатералната соработка, иновативноста и општествената одговорност.

Организаторите најавуваат дека самитот ќе стане редовна годишна средба, насочена кон градење одржливо економско партнерство меѓу двете земји.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнис форумгерманскоекономсказдружениесоработка
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.05.2025 година
Следен напис Протест на пензионери во Свети Николе, бараат линеарно зголемување на пензиите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?