Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Агровести

Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено 08/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2026 ‒ 2028 година пред претставниците на дипломатскиот кор и на меѓународните институции, информираат од Народната банка во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

На настанот присуствуваа претставници на амбасадите на Германија, Грција, Италија, Јапонија, Кина, Косово, САД, Унгарија, Холандија, Хрватска и Швајцарија, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Европската банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Настанот традиционално се организира по секој циклус макроекономски проекции на Народната банка.

Во презентацијата беше наведено дека домашната инфлација ќе бележи натамошна постепена стабилизација, но побавна, имајќи ги предвид понеповолните надворешни услови и растот на светските цени на енергентите и храната. Според најновите проекции, во 2026 година, просечната инфлација ќе изнесува 4%, а потоа ќе забави сведувајќи се на 3% во 2027 година и на 2% на среден рок. Притоа, беше истакнато дека Народната банка продолжува со претпазливо водење на монетарната политика. Воедно, Народната банка и во иднина ќе биде подготвена за соодветна реакција доколку се зголемат инфлациските притисоци или притисоците на девизниот пазар.

Во рамките на пролетниот циклус проекции, растот на економијата е проектиран на 3,5% за 2026 година, со забрзување во 2027 година кога би достигнал 3,8% и 4% во 2028 година. И натаму се очекува дека инвестициите ќе бидат главниот двигател на растот, со поддршка и од кредитната активност. Во однос на надворешната позиција, за 2026 година се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе достигне 5,7% од БДП, главно поради повисоките трошоци за увоз на енергија, додека на среден рок се очекува негово постепено намалување. Истовремено, се очекуваат солидни приливи во финансиската сметка, што ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута.

Беше посочено и дека банкарскиот систем и натаму е стабилен, при солидна кредитна и депозитна активност. Во светското окружување сѐ уште владее висока неизвесност и ризици, поради што Народната банка внимателно ќе ги следи движењата и ќе реагира соодветно, во согласност со својата основна цел ‒ одржување на ценовната и финансиската стабилност.

Народна банка

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:макроекономски проекцииНародната банкаорганизации
Претходен напис Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 07.05.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?