Салатата се подготвува брзо и едноставно, а најважно е што не се додаваат никакви вештачки конзерванси.
Состојки:
- 1 кг краставички
- 1 кг карфиол
- 1/2 кг везени пиперки
- 1 кг зелени домати
- 1 кг морков
- 1 литар оцет
- 4 литри вода
- 12 лажици шеќер
- 10 лажици сол
- бибер во зрно
- ловоров лист по желба
- лук по желба
Начин на подготовка:
Зеленчукот измијте го добро можете да го оставите половина час во вода во која ќе додадете една лажичка сода бикарбона. Исчистен и измиен исечете го и ставете го во добро измиени тегли без да го притискате. Во секоја тегла додајте ловоров лист и бибер во зрно.
Половина литар алкохолен оцет, 5 лажици сол, 6 лажици шеќер и два литри вода ставете да зоврие. Со врелиот прелив полејте го зеленчукот во теглите. Повторете ја постапката со остатокот од состојките. Важно е преливот да го правите на двапати за да биде врел кога ќе го ставате во теглите.
Теглите добро затворете ги и оставете ги постепено да се оладат на собна температура. Потоа складирајте ги на темно и суво место.
