Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на прилепските пазарџии, бараат дислокација на дивите продавачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на прилепските пазарџии, бараат дислокација на дивите продавачи
Агровести

Протест на прилепските пазарџии, бараат дислокација на дивите продавачи

Објавено 13/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 40 корисници на тезги во прилепскиот градски пазар денеска неколку часа го затворија зелениот пазар и протестираа против дивите продавачи. Револтирани се што проблемот се провлекува 10-тина години, а не се решава. Бараат итно да се реши, како што велат незаконската, дива продажба што е надвор од градскиот пазар. Според Николче Трајкоски, претседател на здружението „Пазари“, доколку за една недела не се реши проблемот ќе штрајкуваат.

-Продаваме во зелениот дел од пазарот и имааме закуп во текот на целиот дел од годината. Бараме од надлежните, согласно со законските прописи,  веднаш да ги дислоцираат сите диви продавачи кои се во околината на на пазарот, па и во делови од градот на соодветно место, наменето за таков вид продажба, поранешен Кванташки пазар или на тезгите кои се во склоп на Пазарот каде има слободни тезги. Бараме правна заштита од ЈКП „Пазари“  по сите точки од договорот кои ни го издадоа, а го имаме потпишано. Сите сме легално пријавени во УЈП, си ги подмируваме сите давачки спрема државата и спрема претпријатието. Бараме од локалната и од инспекциските служби да го решат проблемот и овозможат соодветен простор. Вака се узирпирани паркинг просторите и пешачките зони. Доколку не се исполнат барањата ќе организираме штрајк и граѓанска непослушност. Со ова ни се преполовени приходите, а се грижиме за преку 200 членови на нашите семејства, изјави Трајкоски.

Во близината на градскиот пазар се продаваат земјоделски производи. Земјоделците кои се од струмичкото село Баница велат дека не го разбираат протестот на пазарџиите. Тие се, како што рекоа, регистрирани земјоделци, дозволено им е од ЈКП „пазари“ да продаваат и плаќаат закупнина.

Директорот на ЈКП „Пазари“  телефонски кратко рече дека упатил барање да се отстранат продавачите.

– Имам упатено барање до надлежните да се отстранат сите што продаваат надвор од пазарот, а и лично сум ги замолувал да заминат. Досега се немам сретнато со продавачите од зелениот пазар, рече Крстески.

Продавачите од пазарот што протестираа велат дека надлежните се запознати со нивните барања.

Прилепскиот пазар во чиј склоп е и зелениот, е на површина од околу 5 000 метри квадратни, препокриен е и има над 450 тезгиња. Се смета за еден од најголемите во пелагонискиот регион.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дивите продавачидислокацијаприлепските пазарџиипротест
Претходен напис (ВИДЕО) Николовски: Инвестиравме многу во договорното производство и очекувам дека ќе имаме дуплирање на производството на сончоглед оваа година
Следен напис Завршува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле, овој нов и модерен систем стартува со работа во јули, најави Николовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?