Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Завршува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле, овој нов и модерен систем стартува со работа во јули, најави Николовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Завршува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле, овој нов и модерен систем стартува со работа во јули, најави Николовски
Агровести

Завршува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле, овој нов и модерен систем стартува со работа во јули, најави Николовски

Објавено 13/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во присуство на претставници на Европската Делегација, градоначалниците на Ранковце и Крива Паланка и претставници на фирмата изведувач и фирмата надзор изврши увид во градежните активности на системот Славишко Поле, кој се наоѓа во североисточниот дел на државата, во општина Ранковце, покрај Крива Река.

„Со голема чест изјавувам пред граѓаните дека успешно завршуваме уште еден систем за наводнување. Задоволството е огромно бидејќи системот е речиси целосно завршен, во моментов има 99% реализација и до крајот на јули ќе биде пуштен во употреба. Системот е изграден со поддршка од Европската Унија во вредност од 1.7 милиони евра. Со новиот модерен систем за наводнување опфатени се околу 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци. Стариот систем за наводнување беше нефункционален и можеше да наводнува само 40 хектари. Новиот систем ќе наводнува пет пати повеќе. Бенефит ќе имаат сите жители од општина Ранковце, а најголем е придонесот за семејствата кои се занимаваат со земјоделско производство“ изјави министерот Николовски.

Земјоделци од општина Ранковце, повеќе нема да имаат проблеми со наводнувањето, бидејќи новиот систем е модерен и ќе овозможи интензивно, квалитетно, стабилно и редовно наводнување на земјоделските култури. Системот е проектиран да работи под притисок со што ќе овозможи користење на прскалки или системи за наводнување капка по капка. Со тоа вкупната ефикасност на наводнувањето е високи 80%.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи и практикува насоките за заштита на животната средина и рационално користење на природните ресурси. Затоа, главниот извор на вода е Крива Река чиј капацитет е доволен да овозможи стабилно наводнување, а системот Славишко Поле е модерно изграден за да штеди вода, да нема загуби и рационално да се користи водата од реката“ рече министерот Николовски.

Земјоделците се најважната компонента во процесот на производство на храна. Ние како Министерство креираме мерки за поддршка, градиме брани и системи за наводнување, овозможуваме нови хектари државо земјоделско земјиште, субвенционираме набавка на трактори, комбајни, силоси, мандри, опрема, ги мотивираме жените и младите и помагаме секаде каде има потреба. Никој не е оставен сам, се грижиме за секој земјоделец. Создаваме услови за модерно земјоделство, а системите за наводнување кои ги градиме речиси низ целата држава, се клучни за висок квалитет и богат род.

Министерот Николовски упати благодарност до Европската Делегација за поддршата која ја добиваме за ваквите капитални проекти, им се заблагодари и на изведувачите, на надзорот, на сите работници и инженери со чие залагање заедно градиме во интерес на дражавата и во интерес на нашите земјоделци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:славишко поле
Претходен напис Протест на прилепските пазарџии, бараат дислокација на дивите продавачи
Следен напис Што е ПРЕЦИЗНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО и зошто да се инвестира во него?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?