Илјадници земјоделци протестираа вчера во Полска поради предлог законот со кој би се забраниле фарми за крзно, одгледување животни поради ритуално колење и употреба на животни во циркуси.
Земјоделците, кои носеле кукла на крава во природна големина, се собраа пред зградата на Парламентот во Варшава, каде Сенатот го разгледува предлог законот. Овој документ ја подели владејачката коалиција, но и опозицијата, и ги разлути земјоделците, кои досега ја поддржуваа Владата.
Критичарите тврдат дека законот претставува опасност за земјоделците кои одгледуваат куни и други животни поради крзно, но и поради ритуалното колење, со што ќе се намали голем дел од извозот на Полска.
Законот го предложи владејачката партија, која тврди дека со него се штити благосостојбата на животните.
МИА