Начинот на исхрана има влиајние на смртноста од корона вирус, потврди и поселдната студија на научници од берлинската универзитетска болница Charité! Оваа студија докажала дека, стапката на смртност е пониска во земјите во кои во голема мерка се консумира традиционална, ферментирана храна.
Истражувањето е спроведено врз основа на податоците од европската база на податоци за потрошувачката на храна.
Како што се наведува во заклучокот на истражувањето, ако нивната хипотеза се потврди во идните студии, Ковид 19 ќе биде прва епидемија на заразни боелсти која вклучува биолошки механизми поврзани со недостаток на „природата“.
Ккао што тврдат, значајни промени во микробиумот, предизвикани со современиот начин на живот и помалата консумација на закиселен зеленчук, влијаат на ширење и сериозност на болеста.
Многу храни имааат својство на антиоксиданси, додека процесот на ферментација ја зголемува антиоксидациската активност на прехрамбените производи. Под тоа се подразбира млекото, овошјето, зеленчукот и месото.
Итсражувачкиот тим претпоставува дека консумирањето на ферментирана храна може да објасни некои разлики во стапката на смртност од Ковид 19 меѓу земјите во Европа.
За тестирање на хипотезата тимот користел информации од европската база на податоци за потрошувачка на храна, Европската агенција за сигурност на храната (EFSA) за проценка на потрошувачката на разни ферментирани намирници по земји, вклучувајќи зеленчук, млеко, јогурт, кисело млеко и закиселен односно мариниран зеленчук.
Научниците наведуваат дека од сите разгледувани варијабили само ферментираниот зеленчук имал значајно влијание на стапката на смртност.
Имено, ризикот на смртност од Ковид 19 вирусот се намалувал за 35,4% на секој грам дневна потрошувачка на ферментиран зеленчук.
Извор: Мagazin.novosti.rs
Напишете коментар