Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на Мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014 – 2020, инфо караванот утре во Желино и Теарце
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Промоција на Мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014 – 2020, инфо караванот утре во Желино и Теарце
Фондови

Промоција на Мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014 – 2020, инфо караванот утре во Желино и Теарце

Објавено 02/03/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек се инфо деновите за Мерката 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Овој повик им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестиции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик, набавката на трактор не е прифатлива инвестиција. Јавниот повик за оваа мерка е во тек и сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите до 14-ти април 2020 година, ќе можат да поднесуваат барања за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 Програмата.
Мерка 1 од ИПАРД Програмата нуди европски можности за македонското земјоделство. Таа предвидува инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, а е имплементирана од страна на Телото за управување со ИПАРД.

Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство и земјоделско стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.


За таа цел, низ државата се организираат инфо каравани од страна на МЗШВ, со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата. Оваа недела, со акцент на Мерка 1, но ќе бидат опфатени и Мерка 3 и 7, инфо караванот ќе биде во неколку општини во неколку различни денови.
Во вторник, 03.03.2020 година, инфо караванот ќе ги посети општината Желино, во 10:00 часот во Салата за Совет при општината.
Истиот ден, караванот ќе биде во општина Теарце, во општинската сала од 14:00 часот.
Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, за да аплицираат на јавните повици со цел да го развијат и модернизираат нивното земјоделство и производство.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите оние кои се заинтересирани за инвестирање по ИПАРД Програмата да присуствуваат на инфо средбите со цел подобрување на сопствените земјоделски стопанства.

  • За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

Може да ви се допадне

Едукативна и музичка програма во Гевгелија за Светскиот ден на пчелата
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
Средба на министерот Трипуновски со овоштарите во Ресен: Земјоделците ја поздравија програмата!
Таг:Ипардкараванмерка 1програма
Претходен напис За осум дена завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци
Следен напис (ВИДЕО)Велковски: „Хемометал“ им нуди на земјоделците трактори за сечиј џеб, од 5000 евра до најсовршена механизација за профитабилен агробизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?