Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пролетната сеидба во Дебарско реализирана околу 15 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пролетната сеидба во Дебарско реализирана околу 15 отсто
Агровести

Пролетната сеидба во Дебарско реализирана околу 15 отсто

Објавено 01/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пролетните сеидбени работи на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа се одвиваат непречено и досега истите се реализирани на над 15 отсто од планираните површини.

Од дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, под чија надлежност се двете општини, со пролетни култури ќе бидат опфатени 150 хектари.

– Од планираните површини најголем процент отпаѓа на житните култури или 38 хектари, од нив 25 ха со пченка, која како што се знае се засејува на почетокот на мај, потоа 10 со пролетен јачмен и три хектара со овес. Што се однесува до пролетниот јачмен и овесот сеидбата веќе е завршена, изјави за МИА, Арбен Муладаути, раководител на единицата.

Според него, на останатите планирани површини ќе се најдат фуражните култури на 60 ха, градинарските на 51 и на еден хектар индустриски култури, поточно сончогледот.

– Кај градинарските култури на најголема површина или на 20 хектари се најде бостанот, на 10 ха зелка и кељ, 7 хектари грав, 4 компир а на останатите, други култури. Со фуражни култури ќе бидат засеани 60 хектари, од нив 50 со познатата по квалитет дебарска луцерка, 5 со фуражна пченка и исто толку со други фуражни култури, додаде Младаути.

Години на ред, поради масовната миграција, но, како што оценуваат повозрасните земјоделци и незаинтересираноста на младите да се занимаваат со земјоделие, се намалува процентот на обработените површини. Колку за споредба, во 2017 година со пролетна сеидба биле опфатени 300 хектари, во 2021 година 227, следната 161 и годинава 150 хектари.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:15 отстоДебарскопролетната сеидбареализирана
Претходен напис Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста
Следен напис Сточарите бараат слободен пазар и реална цена на јагнињата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?