Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста
Агровести

Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста

Последна измена: 01/04/2024 13:16
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,1 отсто, велат од РКЕ.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе остане 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,221 отсто, кај дизелот за 2,056 и кај екстра лесното масло за 2,473 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 1,402 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,464 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничите премини
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
Таг:дизелотЕУРОСУПЕР БС-95 останува истаЕУРОСУПЕР БС-98 поскапувапоевтинува
Претходен напис Шумски пожар во општина Демир Капија
Следен напис Пролетната сеидба во Дебарско реализирана околу 15 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?