Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите бараат слободен пазар и реална цена на јагнињата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите бараат слободен пазар и реална цена на јагнињата
Агровести

Сточарите бараат слободен пазар и реална цена на јагнињата

Последна измена: 01/04/2024 14:09
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Сточарите бараат слобода на пазарот за псламан на јагнињата за да остварат реална цена. Законот за субвенционирање по 1000 денари од предадено јагне, ама само на кланиците, е дестимулирачки и му штети на овчарството кое континурирано бележи пад на фондот на овци во земјава и на интерес за овчарството. Ова го нагласува Марјан Стојаноски, сточар од селото Новоселани, општина Долнени кој е и потпретседател на здружението за одгледување овци „Орлови бари“ од Пелагонија.

Состојбите што ги имаат сточарите, Стојаноски ги илустрира преку својот пример. Тој 24 години купува и одгледува јагниња и вели дека за првпат му останале непродадени јагнињата. Кога ги барале кланиците биле мали, сега се прераснати и за цена од околу 200 денари за килограм не сака да ги продаде. Такви случаи, вели има многу.

-Во овој период состојбата е многу тешка. За католичкиот Велигден откупната цена за малото јагне беше 230 денари за килограм. Моите јагниња беа големи, а се бараше мало јагне.  Сега, се бориме, ги храниме, ама сега нема откуп. А за нашиот Велигден, кому ќе му ги дадам овие јагниња по 30-40 килограми? Имам останато околу 170 јагниња. Кланиците сега нема да ги земат, а мора да ги дадам во кланица под цена за да земам субвенции. Ако ги дадам „на приватно“, нема да земам субвенции. Не можам приватно да ги продадам по 260-270 денари, зашто нема да земам субвенции. Вакви случаи во Македонија има многу. На многумина им останаа јагнињата. Ако немаш продадено јагне, нема ниту да предадеш млеко во млекарница, вели Стојаноски.

Нема работници да помогнат.. И фамилијарниот ангажман од утро до полноќ не дава резултати.  Се бара слободен пазар и цената да не биде под 5 до 6 евра за килограм жива мера.

-Ние како сточари не сакаме субвенции за предадено јагне, туку да си ја постигнеме реалната цена на пазарот. Да ни се плати трудот. На пример, под 5 до 6 евра да не биде пониска откупната цена. Кај мене 5 тони јагнешко има непродадено, и со 200 денари за килограм сум целосно во загуба. А 24 денари плаќам за килограм концентрат. Дневно, трошоците не се пониски од 7000 денари за прехраната. Не мислам да ги продадам. Ако добијам цена, во ред, ако не, нема да ги дадам. Го загубив млекото, а сега ќе загубам и на јагнињата што не се продадени, а за 200 до 210 денари не ги давам. Државата не го поддржува сточарството, а ние сакаме да работиме. Многу се намалува сточниот фонд. Немам слушнато нов сточар да купи овци  веќе 15-20 години, сите ги продаваат, смета сточарот Марјан Стојаноски од селото Новоселани, општина Долнени.

Според Заводот за статистика  бројот на овци во земјава лани, во споредба со 2022 година е намален за 9,2 проценти, а производството на овчко млеко за 20,5 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:јагнињатареална ценаслободен пазарСточарите
Претходен напис Пролетната сеидба во Дебарско реализирана околу 15 отсто
Следен напис Претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?