Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Производство и ставање во промет на свежа конзумна риба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > АХВ: Производство и ставање во промет на свежа конзумна риба
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОЈавни огласи и повициСточарско производствоФондови

АХВ: Производство и ставање во промет на свежа конзумна риба

Објавено 07/06/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

Директно снабдување на крајниот потрошувач на мали количини свежа риба

Максималното количество на уловена риба за консумирање со директно снабдување на крајниот потрошувач од страна на примарниот производител не треба да надмине 1000 килограми годишно.

Ставање во промет на свежа комзумна риба може да се врши од примарни производители – риболовци, одгледувачи на риба и од страна на лица кои имаат договор за концесија на стопански риболов.

Примарниот производител ги евидентира податоците за количината на уловена и произведена риба по видови на риба и испорачаната риба за да се обезбеди следливост на испорачаната риба.

Примарните производители подлежат на регистрација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

За да се стави рибата во промет потребно е да се исполнети следните услови:

  • Да не потекнува од води кои се забранети за улов поради болест или контаминација;
  •  е во добра општа здравствена состојба и не покажуваат знаци на заразни болести;
  •  не е третирана или хранета со неодобрени препарати или супстанции и се почитува периодот на каренца при употреба на дозволени ветеринарно-медицински препарати;
  • при уловот, биде соодветно заштитена од контаминација од надворешната средина; и
  • опремата и приборот кои доаѓаат во контакт со уловената риба да бидат чисти и добро одржувани.

Ставање во промет на свежа конзумна риба

Рибата по уловот треба да се прифати во риболовен пункт – објект за прифаќање и привремено складирање на риба или транспортно средство опремено со контејнери за транспорт на жива риба, односно систем за ладење или производство на мраз.

Објектот за прифаќање  и привремено складирање на свежа конзумна риба, треба да биде регистриран од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Рибата од објектот за прифаќање и привремено складирање може да се стави во промет на територијата на целата држава.

Операторите кои вршат ставање во промет на свежа конзумна риба треба во работата да применуваат правила за добра производствена и хигиенска пракса.

Објектот за прифаќање и привремено складирање на риба треба да има минимум:

  • просторија за прифаќање на уловената риба;
  •  простор за обработка, доколку се врши отстранување на глава, перки и изнутрици;
  • простор за привремено складирање на рибата;
  •  опремата и приборот кои доаѓаат во контакт со риба треба да бидат чисти и добро одржувани;
  •  опрема за производство на мраз добиен од вода за пиење;
  •  контејнери и опрема за складирање и транспорт изработени од соодветен материјал, чисти и добро одржувани;
  • садови за прифаќање на нус производите; и
  • простор за чување на средствата за чистење и дезинфекција.

Потребна документација за регистрација на операторите со храна од животинско потекло

  1. Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потекло;
  2. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
  3. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
  4. Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
  5. Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
  6. Листа на моментални животни од видот говеда;
  7. Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
  8. Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
  9. Потврда за соодветно уплатени административни такси.

Потребна документација за одобрување на операторите со храна од животинско потекло

  • Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
  • Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  • Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
  • Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
  • Техничко технолошки елаборат;
  • Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:куќен прагрибасвежа риба
Претходен напис АХВ: Производство и ставање во промет на конзумни јајца
Следен напис Очекувајте меjл: Oколу 115 илјади граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?