Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан
Агровести

Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Објавено 10/03/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.

„Тоа што ме импресионираше од вас лично и од Комората се отвореноста за соработка и практичниот пристап, кој го немаше во науката, но и ден-денес го нема поради нејзината специфичност. Меѓутоа, Вие и Комората, на некој начин, ги отворивте вратите и покажавте дека таа соработка може да биде функционална, реална и да даде практични резултати“, истакна проф. Лазаров.

Во поткастот гостите направија ретроспектива на активностите на Комората во кои биле вклучени. Проф. д-р Лазаров зборуваше за Конференцијата во Охрид, на која на едно место биле собрани претставници на бизнисот, академијата, универзитетите, Комората и на Владата, за да дискутираат за креирање стратегија за економски развој на државата. Проф. Лазаров потенцираше дека на Конференцијата, која имала цел да ги доближи сите чинители од научната фела, од бизнисот, преку Комората, и од Владата во процесот на креирање подобри економски политики, тој и претседателот на Комората Азески биле единствените што имале коавторски труд, со што покажале дека академијата и бизнисот можат заеднички да дејствуваат и да ги усогласат ставовите во насока на креирање подобри економски политики.

Од Конференцијата на Економскиот факултет при УКИМ Скопје, организирана од Комората и од Министерството за образование и наука,  проф. Кикеркова нагласи дека останала запаметена изјавата на претседателот Бранко Азески дека во наредните 10 години централната улога ќе ја има врската меѓу образованието и бизнисот, a вистинската функција на Комората ќе биде остварување на таа врска, која веќе денес станала реалност.

Проф. Кикеркова зборуваше и за формирањето на Европскиот информативен центар во рамките на Факултетот и на Регионалниот центар за обука на Светската царинска организација, воспоставен во соработка со Царинската управа на Република Македонија и со Светската царинска организација.

Како професор, работејќи на состојбите во надворешната трговија, Кикеркова нагласи дека постојат два проблема што го отежнуваат брзиот премин на границите: 1) процесот на дигитализација на царинското работење, при што Македонија е пред земјите од Западен Балкан, што создава проблем затоа што не може да се поврзе со другите земји бидејќи во регионот нема такви платформи за царинско работење, па затоа документите мора да се издаваат и во електронска и во хартиена форма, што го зголемува чекањето на границите за најмалку 2 часа и 2) непризнавањето на статусот на овластениот економски оператор, но не само кај нас, туку и во Европа, затоа што не постои меѓународно признавање на националниот статус овластен економски оператор, кој гарантира за документите на товарните возила, што би значело брзо поминување на товарните возила по зелената лента на граничните премини, без да се проверуваат нивната документација и нивниот товар.

„Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив. Нашите платформи немаат на што да се надоврзат бидејќи другите земји немаат такви платформи, па така нашите надворешнотрговски компании оператори мора да ги подготвуваат документите и во електронска и во хартиена форма, со што се забавува движењето на границата најмногу до два часа“, истакна проф. Кикеркова.

Во продолжение на поткастот проф. д-р Дарко Лазаров зборуваше за извозните активности на нашата земја. Тој нагласи дека, според направената студија за извозот во рамките на Комората, Македонија има плитка извозна структура, што значи дека мал број компании со мал број производи кои се пласираат и со мал број извозни пазари ја чинат извозната структура на македонската економија.

Според студијата, само ТОП 25 извозни производи учествуваат со 70 % во вкупниот извоз, само ТОП 25 извозни компании учествуваат со 90 % во вкупниот извоз на македонската економија, само 400 компании извезуваат со вредност поголема од 1.000.000 евра или само 1300 компании извезуваат со вредност од над 100.000 евра.

„Производите што се извезуваат се производи со ниска додадена вредност (текстил, базични метали), а оние што ги извезуваат странските компании, со високо ниво на комплексност, се производи чија додадена вредност не се произведува во Македонија, туку во друга земја, па затоа додадената вредност на нашиот извоз е многу мала, а увозната компонента е релативно голема. Тоа значи дека фокусот не треба да го ставиме на раст на извозот, туку на раст на додадената вредност на производите“, потенцираше проф. Лазаров.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бизнис-клубд-р Ирена КикерковаЗападен Балканмакедонија
Претходен напис Трипуновски: Наскоро ќе биде објавен Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа 
Следен напис УШТЕ 20 ДЕНА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Нова земјоделска механизација и опрема со неповратен грант од ИПАРД до 70%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?