На 12.02.2025 год. АФПЗРР официјално го објави јавниот повик бр. 01/2025 за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“. Ова е втор јавен повик за Мерка 1 во рамки на ИПАРД III програмата (2021-2027), а вкупниот буџет за повикот изнесува 7.415.335 евра.
Крајниот рок за поднесување проектни апликации на овој јавен повик е 29.03.2025 год.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат:
1. ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА
Регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)
Земјоделските стопанства може да бидат претставувани од физички лица (семејно земјоделско стопанство, индивидуален земјоделец) или правни лица (микро, мали и средни претпријатија).
2. ЗАДРУГИ
Регистрирани во Централен регистар
3. ЗДРУЖЕНИ ПРАВНИ ЛИЦА
(за колективни инвестиции)
За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Основната поддршка преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.
Процентот на кофинансирање се зголемува до:
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (линк до листата)
- 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 до 40 години)
Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 750.000 евра.
Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 20.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 20.000 евра нема да се разгледуваат.
МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции во Мерка 1 потребно е да докажат постоење на минимални капацитети.
ВАЖНО: Корисниците кои не го достигнуваат минималниот праг (во зависност од инвестицијата) имаат право да аплицираат доколку минималниот праг го постигнат до крајот на инвестицијата.
Сектор / Подсектор | Минимален капацитет |
---|---|
Растително производство | 1 хектар |
Говедарство | 10 ДЕ (20 молзни крави / 25 говеда до 1 година) |
Овчарство и козарство | 10 ДЕ (100 овци/кози) |
Свињарство | 8 ДЕ (16 маторици / 300 прасиња) |
Живинарство | 10 ДЕ (1.400 бројлери / 700 несилки) |
Риба/аквакултура | 20 тони |
ПРИФАТЛИВИ СЕКТОРИ
Следните приоритетни сектори се прифатливи за поддршка во рамки на овој јавен повик:
- Раститетлно производство
- Житни култури
- Индустриски и фуражни култури
- Лозови насади (само вински сорти)
- Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7
- Сточарство
- Говеда (за млечно говедарство и гоење)
- Свињи (за репродукција и гоење)
- Овци и кози (за млечно овчарство, козарство и гоење)
- Живина (кокошки несилки, бројлери)
- Друг добиток од Анекс I кој не е поддржан во рамки на Мерка 7
- Рибарство
- Фарми за аквакултура за слатководни риби
- Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма
- Млеко и млечни производи
- Јајца, месо и производи од месо
- Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
- Шира од грозје, сок од грозје, вино
- Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка
- Преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен од рибни производи) за биогас и/или биогорива
- Сончева енергија, ветерници, геотермална итн.
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Прифатливите инвестиции опфаќаат набавка на нова механизација, опрема и машини:
- Трактори (ЕУРО 5), земјоделска механизација, машини и опрема за земјоделско производство
- Специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила:
- земјоделски приколки
- резервоари за млеко
- транспортни и разлафни резервоари за превоз на производство
- транспорт на живи животни и живина
- специјализирана опрема за транспорт на арско ѓубриво и транспорт на биомаса итн.
- Машини и опрема/алатки за пост-бербени активности, преработка и директен маркетинг на земјоделско стопанство, вклучително за:
- калибрација, собирање, складирање, ладење, манипулација
- преработка, пакување, ладење, замрзнување, сушење и складирање, манипулација
- производство на нови производи, воведување на нови технологии и процеси
- подобрување и контрола на квалитетот и безбедноста на суровините и храната
- Машини, опрема и земјоделска механизација за подобрување на активностите за земјдоелското производство и рибарство на фарма
- Машини и опрема за заштита на животната средина:
- енергетска ефикасност
- контролирани климатски услови
- справување и складирање на ѓубриво, отпад и третман на нус производи
- третман на вода
- заштитни покривки и сенки
- електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси
Прифатливи се инвестиции во садење и пресадување на винова лоза (со исклучок на семе) и придружни инсталации.
Покрај ова, прифатливи се и инвестиции во изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот за земјоделско производство и рибарство:
- Објекти за одгледување на добиток
- Складирање на храна
- Размножување
- Пост-бербени активности итн.
- Складови за чување храна и сточна храна, силажа и амбари/силоси за сено и зрно
- Помошни објекти за сместување на земјоделски машини и опрема, заштита при работа на работниците во земјоделството
- Објекти за наводнување на фарма и опрема (нови резервоари, танкови, цевки, системи за наводнување „капка по капка“, фертиригација, системи за наводнување со пареа и подземно наводнување, инсталации за распрскување, пумпни станици итн.)
- Јами за арско ѓубре и септички јами
- Складишта за биомаса
- Недвижен имот за третирање на вода/канализација на течни арски ѓубриња
- Складишта за силажа
- Објекти за заштитни средства и складирање на вештачки ѓубрива
- Инфраструктура на земјоделско стопанство
- патишта и патеки
- инсталации за снабдување со електрична енергија
- водоснабдување и канализациони системи
- одводнување (дренажа)
- артески бунари
- оградување
- други подобрувања на надворешниот простор од имотот на корисникот
Прифатливи се и инвестиции во изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за пост-бербени активности, за преработка и маркетинг на земјоделски производи:
- Простории за ладење, пакување, калибрирање
- Производствени простории
- Магацини и продажни пунктови
- Помошни објекти за подготовка на суровина, магацини за жито и чување готови производи
- Помошни објекти за заштита при работа и заштита на животната средина
Прифатливи нематеријални трошоци се:
- Стекнување со патентни права и лиценци
- Компјутерски софтвер и софтверски лиценци
- Транспорт и инсталација на опрема (со исклучок на сервис)
- Изградба/реконструкција
- Услуги за садење и обновување на насади
За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]