Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Проданоски: По седум дена непрекината борба пожарот во Мариово е ИЗГАСНАТ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Проданоски: По седум дена непрекината борба пожарот во Мариово е ИЗГАСНАТ
Агровести

Проданоски: По седум дена непрекината борба пожарот во Мариово е ИЗГАСНАТ

Објавено 23/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По седум дена непрекината борба, огромни напори и пожртвуваност на сите што беа на терен, конечно можеме да кажеме дека пожарот во Мариово е изгаснат!

Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот.

Упатувам огромна благодарност до нашата Територијална противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК, Армијата, ЈП Национални шуми, МВР, ТППЕ Скопје и ТППЕ Кавадарци, до градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев, како и до сите доброволни противпожарни друштва од Битола, Кочани, Кавадарци и Виница.

Исто така искрена благодарност и до Универзалниот тим од Општинскиот штаб за заштита и спасување од Прилеп, до месното население од Чаниште, Крушевица, Мажучиште, Мало Коњари и Големо Коњари, како и до сите општествено одговорни компании и индивидуални земјоделци кои со својата механизација помогнаа во гаснењето на пожарот.

До сите луѓе кои беа на терен, во исклучително тешки услови, со пожртвуваност, храброст и максимална посветеност, огромна благодарност и почит! Секој од вас го даде својот придонес во заштитата на нашите сограѓани, имотите и природата.

Исто така, и вчерашниот пожар, кој се појави на пределот од с. Мажучиште, преку Мало Коњари и Големо Коњари, па сè до Широк пат Варош, беше локализиран за многу кратко време, благодарение на брзата реакција, пожртвуваноста и професионалноста на сите екипи на терен.

Благодарност до сите служби, граѓани и поединци кои веднаш се вклучија и помогнаа во неговото гаснење.

Во моментов, изгаснат е и последниот крак на пожарот кај с. Бонче и состојбата е целосно под контрола. Се надеваме дека и временските услови во наредниот период ќе помогнат состојбата да остане стабилна.

Но, по искуството од изминатава недела, уште еднаш упатувам сериозен апел за максимална внимателност и одговорност.

Да не дозволиме повторно да ни се повтори ваква состојба. Една искра, едно невнимание или неодговорно однесување може за само неколку минути да предизвика пожар со несогледливи последици.

Покажавме дека кога сме обединети, солидарни и посветени, можеме да се справиме и со најтешките предизвици.

Благодарност и длабока почит до сите што беа дел од оваа голема борба.

Фејсбук статус на Дејан Проданоски

Може да ви се допадне

МЗШВ: Mерките кои се спроведуваат за сузбивање на сипаниците кај овците и козите даваат резултат, бројот на жариштата е намален од 30 на 11
НЗМ: Oткупни цени за килограм винско грозје за тековната 2026 год сезона во регионот
Ново зголемување за пензионерите од септември
Сипаниците кај овците предизвикуваат катастрофа во сточарството – Угинаа над 10 илјади овци, сточарите бараат итна вакцинација
Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла
Таг:МариовоПожар
Претходен напис МЗШВ: Mерките кои се спроведуваат за сузбивање на сипаниците кај овците и козите даваат резултат, бројот на жариштата е намален од 30 на 11
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?