Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превозниците ќе чекаат до 1 септември, од исходот на состанокот во Брисел ќе зависи дали ќе излезат на протести
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превозниците ќе чекаат до 1 септември, од исходот на состанокот во Брисел ќе зависи дали ќе излезат на протести
Агровести

Превозниците ќе чекаат до 1 септември, од исходот на состанокот во Брисел ќе зависи дали ќе излезат на протести

Објавено 11/08/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести.

Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување на нивните барања за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

– Ние ќе бидеме трпеливи, ќе се трудиме да направиме шеми за движење на возачите. Сега е период на годишни одмори, меѓутоа она што следува од септември натаму ќе биде многу трагично ако не најдеме решение. Не сакаме да му наштетиме на никого, ниту на Европска Унија, ниту на нашите држави, а најмалку на нас самите превозниците, но ако сме принудени ќе организираме протести со коишто уште еднаш ќе ги потсетиме сите дека сепак постои проблем којшто треба да се реши, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на превозници – Макам-транс.

Превозниците се надеваат дека на состанокот во Брисел ќе се најде решение за проблемот затоа што велат протестите не му одат во прилог на никого.

– Одлуките за протести генерално се донесени во нашите земји и на ниво на управни одбори, но како превозници не сакаме да протестираме бидејќи тоа се одразува на целото општество, но ако бидеме принудени, ќе мора да излеземе. Искрено се надеваме и посакуваме тоа да не се случи, изјави Неџо Мандиќ од Србија.  

Здруженијата на превозници се согласни да не се менува договорот за престој во Шенген зоната, но бараат да се почитува стрикно правилото 90 дена престој во последните 180 дена односно минутата да биде минута, часот, да биде час… Бараат и прецизен рок кога нивниот проблем ќе биде решен. 

– Значи, ги бараме своите 90 полни денови. Ако останат на тоа денот на влез да се пресметува како прв ден, а денот на излез како втор ден, тогаш сме во сериозен проблем и тогаш проблемот нема да биде решен бидјеќи ние не сме обични граѓани кои одат туристички во државите од Шенген зоната, туку сме професионалнци кои секојдневно, зависно од должината ан турата, работиме, нагласи Мандиќ.

Вели дека тие веќе се соочуваат со проблем односно 50 проценти од возачите одбиваат да возат затоа што немаат сигурност што ќе се случи на граница и дека се зависи од волјата на вработените на граничните премини кои различно ја толкуваат одлуката 90/180. 

– Зависиме од поединци на граница и од начинот на кој ја толкуваат одлуката. Имаме тотална неизвесност. Возачите тргнуваат на пат и знаат дека го немаат потрошено времето, но кога ќе дојдат таму, еден ќе им каже едно, друг друго, еден ќе ги пушти, друг нема… Тргуваат како да се на пазар – Можам да те пуштам уште три дена, можам уште пет дена…“, а во суштина возачот знае дека не направил прекршок, вели Мандиќ.

Со проблемот се соочуваат околу 17.000 професионални возачи од земјава, а на ниво на држави од Западен Балкан бројката се искачува на 100.000.

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Еден активен пожар од вкупно осум на отворено низ државата во текот на денов
Второ прскање против комарци на неготинската територија утре и задутре 
УЈП и ЗЕЛС одржаа обука за воведување на системот е-Фактура за општините и јавните претпријатија 
Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
ЕЦБ и одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
Таг:1 септемвриБриселпревозницитепротести
Претходен напис ЦУК: Еден активен пожар од вкупно осум на отворено низ државата во текот на денов
Следен напис Министерот Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?