Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставници од Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија и партнери во посета на Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претставници од Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија и партнери во посета на Кочани
Агровести

Претставници од Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија и партнери во посета на Кочани

Објавено 17/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата.

Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за тековните потреби и можните решенија за надминување на постојните предизвици, со посебен акцент на водоснабдувањето, одведувањето и пречистувањето на отпадните води.

Градоначалникот Владко Грозданов, заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска и претставниците на институциите ја посетија Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и Инфо-центарот на Пониква – проекти реализирани со финансиска поддршка од Швајцарија.

При посетата на Пониква беше отворена и дискусија за идниот развој на ова подрачје, при што беше истакната визијата за негово позиционирање како современ туристички центар, со одржлив пристап и соодветна инфраструктурна поддршка.

Учесниците ја нагласија важноста од меѓуинституционалната соработка и продолжување на партнерските активности за подобрување на условите за живот и создавање одржливи решенија за развој на општината.

МИА

Може да ви се допадне

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро
Македонска Каменица ќе спроведе терестично прскање против комарци во ноќта меѓу 18 и 19 јуни
Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување штети од природна непогода голомразица
ГИЗ: Во сушни периоди преку решенија што се тестирани ќе им се помага на земјоделците подобро да се приспособат на последиците од климатските промени
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Битола
Таг:Амбасадатаживотна срединаКочаниШвајцарија
Претходен напис Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?