Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пресметки на пчеларот Динев: „Цената на медот во Бугарија не е сменета веќе 20 години“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пресметки на пчеларот Динев: „Цената на медот во Бугарија не е сменета веќе 20 години“
Агровести

Пресметки на пчеларот Динев: „Цената на медот во Бугарија не е сменета веќе 20 години“

Објавено 01/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупната цена на медот во Бугарија не е сменета околу 20 години, пресметува пчеларот од Новозагорско, Динко Динев.

Според неговите истражувања, пред 6-7 години цената на најпопуларниот ливадски мед го достигнала врвот од 5,50-6 лева/кг, (1 лев = 31,54 денари), по што повторно се спуштила на критичните 4,20-4,80 лева/кг. Ова се всушност и цените од пред 15-20 години.

„Минатата година беше на дното. Имаше цена од 3,30-3,80 лева/кг. Потоа, во текот на годината, цените се вратија на 4,50 лева/кг. Оваа година е 5,50 лева/кг, а се очекува да се заокружи до 6 лева/кг во септември или октомври“, вели Динев.

Динев е категоричен дека тој и неговите колеги се далеку од неопходната откупна цена за нивното пчеларство да биде европско и да имаат некакви стабилни приходи.

„Кога цената на медот беше околу 4,50 лева/кг пред 20 години, тогаш просечната плата во земјата беше околу 200 лева. Во моментов таа е 1.350 лева. Односно, откупната цена на медот треба да биде малку над 32-33 лева/кг како еквивалент на тие времиња. Ова се цените за Бугарија кои би биле релевантни и би им дале можност на пчеларите да постојат“, рече производителот, кој заедно со своето семејство се грижи за 250 кошници.

Извор: agri.bg

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:бугаријамедцена
Претходен напис 23 животни, риби и други видови прогласени за изумрени во Америка
Следен напис Српската глумица која се повлече на село и во 8-от месец од бременоста чува овци и кокошки и се занимава со земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?