Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преполовен родот, кромидот скапува на бањичките ниви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Преполовен родот, кромидот скапува на бањичките ниви
Магазин

Преполовен родот, кромидот скапува на бањичките ниви

Објавено 15/10/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жешкото лето и обилните септемвриски дождови го преполовија родот на кромид од годинашната реколта во гостиварскиот регион. Нивите во бањичкото поле годинава нема да го дадат посакуваниот приход за вложените труд и пари. На пазарите ќе се најде половина од количината бањички кромид. Бањичкиот кромид е многу ценет и баран во Полошко и пошироко и има повеќе годишна традиција за одгледување.

МИА беше на терен во нивите во атарите на селата Горна и Долна Бањица. Бањичани, оние малкуте кои сè уште се занимаваат со градинарство, на почетокот од октомври го вадеа кромидот од ровката земја. Сликата на прв поглед зачудувачка, невообичаена. Колку што има на куп и врзан во китки, толкава количина од главици се оставени и расфрлани по траповите.

– Цврстиот и здрав кромид го врзуваме и деновиве ќе го однесеме дома во магацините. Тоа што е останато ќе скапе и не е за употреба. Ако не го одделиме и го собереме, ќе ни скапе дома, појаснува Џезаир Бајрами од Долна Бањица.

Сонцето го спржи, дождовите го удавија

Климатски услови кои владеаа годинава не се одразија најповолно, особено летово. Високите температури го успорија растот на оваа градинарска култура. Џезаир Бајрами (60), земјоделец од Долна Бањица, најдобро знае што да очекува како принос, со оглед дека целиот живот се занимава со земјоделие.

– При крај сме со собирањето и според ова што досега извадивме не очекувам повеќе од 12 тони. Од истата нива лани набравме близу 20 тони кромид, вели Џезаир и појаснува дека високите температури над 35 степени, кромидот не ги поднесува.

Дождливиот септември, вели, негативно влијаел врз родот. Големата влага во почвата го намалува квалитетот и во голем процент влијае врз гниењето.

Бербата на оваа реколта ќе ја завршат со сопругата. Нема да ангажира аргати. Па и со намалените трошоци, многу е веројатно да остане без профит или тој да биде минимален.

– Моментално пазарната цена е 20-25 денари, ако го дадете на големо, тогаш е меѓу 15 и 20 денари. Ако не е над 30 денари, нема сметка, затоа што годинава имаме високи цени за ѓубрива, гориво и работна сила. Може и зијан да излеземе, констатира Џезаир Бајрами, земјоделец од Долна Бањица.

Зијанот од кромидот ќе го вадат доматите и гравот

Во потрага по подобар профит неколку бањички земјоделци годинава не засадија кромид. Се обидоа со други градинарски култури. Неговиот сосед со нивата, Наџи Зендели деновиве почна да го собира гравот. Но, и тој нема многу да се офајди. Ни покажува мешунки со ситно зрно, но тврди поквалитетно е од она увозното. Се надева дека цената ќе стигне 300 денари за килограм. Со таа цена може да очекува профит.

– Годинава решив да засадам помалку кромид, бидејќи не е исплатливо. Па реков ќе пробам и со грав. Од оваа нива очекувам околу 600 килограми, ама не се погоди и ако излезат 200 ќе биде добро, вели 69 годишниот Наџи.

Жали за неговите соселани кои годинава очекуваа кромидот да биде со добар род, но „есапот” не им излезе. И тој потврдува дека годинава повеќе кромид ќе скапе на нивите, отколку што ќе се извади по пазарите.

– Некои ќе се извадат од зијанот со доматот. Овој нашиот, бањичкиот добро роди и имаше добра цена, па тие што засеаа, може да се надеваат на некој денар повеќе, вели Зендели.

На нивите низ бањичкото поле не видовме млади. Тоа го кажаа и соговорниците, за нив оваа работа е тешка и среќата ја бараат на друго место. Сметаат дека државата не води доволно сметка за тие што ја хранат. Тешко доаѓаат до субвенции и друга помош.

– Со земјата останавме само ние постарите. Нема големо фајде, ама друго не знаеме да работиме, па што излезе тоа. Младите не, тие гледаат за подобро и повеќе. Ако не се направи некоја долгорочна стратегија, ќе увезуваме храна уште повеќе, бидејќи кај нас ќе нема кој да произведува, порача Зендели.

Тешкиот дел од работата, за оваа година за нив заврши. Сега ги очекува оној другиот исполнет со неизвесност, како да го сочуваат квалитетот на родот и да го продадат по подобра цена. Така напролет ќе почнат со расад и повторно да заораат по нивите.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бањиќкокромид
Претходен напис Новиот модел на субвенционирање ќе овозможи издвојување на стратешки важните култури, а се предвидува и дополнителна субвенција, рече Николовски
Следен напис НФФ: Потребни се мерки и политики за економско јакнење на жените од руралните средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?