Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони
Агровести

Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони

Објавено 09/02/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според информациите на МИА, земјоделците од северозападна Грција блокадата ја најавија за периодот од 12 до 16 часот по локално, односно од 11 до 15 часот по македонско време, а кусо по почетокот на блокадата автомобилите поминуваа без проблеми, иако сообраќајот бил со намален интензитет во споредба со претходните денови. 

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања. 

Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник. 

Освен блокадата на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, засега не се најавени блокади на другите гранични премини кон соседните земји на Грција.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:автомобилигрчките земјоделцикамиониМеџитлијарегуларно
Претходен напис МЗШВ: Исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети
Следен напис Николовски во посета на земјоделците во Свети Николе 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?