Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > МЗШВ: Исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети
Субвенции

МЗШВ: Исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети

Објавено 09/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира јаболкопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализраше исплатата на дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет.

Вкупната исплата е во вредност од 203,3 милиони денари, исплатена до сметките на 1.955 земјоделски стопанства.

Како корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства, кои се корисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади, и кои оствареното производство на јаболка во период од 15 септември 2022 година – 15 мај 2023 година, го имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на директните плаќања по оваа мерка изнесува 3 денари по килограм.

Од 2023 година стартуваше новиот модел за субвенционирање, модел кој на земјоделците им гарантира брза и навремена исплата на субвенциите. Сите земјоделци на крајот од 2023 година добија авансна исплата на 30% од директните субвенции.

Сите јаболкопроизводители на крајот од 2023 година, ги добија авансните исплати на директните плаќања за оддржување на овошни насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар.

Поддршката за јаболкопроизводителите со нови мерки продолжува и во 2024 година. Во програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка, со која ќе бидат опфатени сите јаболкопроизводители, кои во периодот од 15 септември 2023 година – 15 јануари 2024 година, го имаат предадено своето производство во регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети.

Дополнително оваа година јаболкопроизводителите, како и сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Пооддршката која од оваа година овоштарите за зелена нафта ќе ја добијат изнесува 12.000 денари по хектар.

Може да ви се допадне

Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството
(ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
Таг:1.955 јаболкопроизводителијаболкамзшвсубвенциите
Претходен напис Бачовски: Исплатени дополнителните директни плаќања за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година
Следен напис Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?