Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски во посета на земјоделците во Свети Николе 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски во посета на земјоделците во Свети Николе 
Агровести

Николовски во посета на земјоделците во Свети Николе 

Последна измена: 09/02/2024 14:31
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Општина Свети Николе, каде што со земјоделците разговараше за новите мерки оваа 2024 година, но и какошто рече за сите резултати во земјоделството што заедно ги имаат направено. Посочи дека во 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која е креирана во 2019 година и по која сме препознаени во регионот и која е од директна помош за секој земјоделец. 

-Вложуваме во модернизација на македонското земјоделтво, давајќи поддршка на земјоделците во набавка на опрема и земјоделска механизација, преку програмата за рурален развој и преку ИПАРД програмата. Поддршката во модерно и развиено македонско земјоделство ја продолжуваме и оваа година. 10 милиони евра преку програмата за програмата за рурален развој ставаме на располагање за инвестиции преку мерката бизнис план, поддршка во набавката на приплоден добиток, модернизирајќи го домашното земјоделство.Преку програмата за рурален развој оваа година даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори, вели Николовски.   

Забележа дека мерката бизнис план во земјоделствто, која стартуваше во 2023 година ги даде своите резултати. Преку оваа мерка се овозможи секој индивидуален земјоделец сам да одбере во што ќе инвестира и каква опрема и механизација ќе набави. 

-Доделивме рекордни 206 договори во вредност од 1,5 милион евра. Она што посебно ме прави среќен е што од овие 206 апликации, 121 апликација се на млади земјоделци и 115 на жени земјоделки носители на земјоделски стопанства. Доделивме 730 решенија за набавка на трактори во вредност од 500 милиони денари, како кофинасирање од 50% до 75% од вредноста на набавениот трактор, изјави денеска Николовски. 

Тој додаде дека секоја педа обработлива земјоделска повришна се става на располагање до земјоделците за производство на храна, а за што какошто рече Николовски тоа најдборо можат да го потврдат токму земјоделците од светиниколско. Само во изминативме две години на располагање до земјоделците се ставиле 17.956 хектари, државно земјоделско земјиште. 

Дејан Гичев раководител на подрачната единица  на МЗШВ-Свети Николе при денешната посета на техничкиот министер, Николовски истакна дека Свети Николе како регион може да  се пофали по број на договори, активни 1.800. Се надеваме со претходните два огласи објавени плус 50 нови договори и со денешното објавување на јавниот повик околу 150, значи ќе ја надмине бројката околу 2.000 активни догооври. Да се пофалиме во овие шест години како се дава зелана нафта во регионот Свети Николе имаме 2.500 земјоделци коишто ја користат нафтата која секогаш ја доставуваме од 1 септември до 30 април и вредноста годишно изнесува околу 300.000 евра, вкупно два милиони евра средства се влезени како пари за зелена нафта Свети Николе и Лозово, рече Гичев. 

Тој даде дека Овчеполскиот регион е втор регион по житни култури, од страна на земјоделците за одгледување најмногу има интерес за житни култури, но застапени се и подигање на лозови насади, овошни насади, а  годинава ќе се прават оранжерии на  околу 40 хектари.

– На претходните инвестициски огласи ќе се прават и нови откупни центри. Тука е фабриката за биогас во село Срамзаино припаѓа во нашиот регион, тоа е наша иницијатива. Веќе 95 проценти од целокупната површина е дадена на закуп, вредноста достигнува околу милион евра. 80 отсто се враќаат во општините 500.000 евра во општина Свети Николе, 300.000 во Лозово и 200.000 евра во државата, вели Гичев. 

МИА

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:земјоделцитеНиколовскипосетаСвети Николе
Претходен напис Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони
Следен напис Прилепските земјоделци заинтересирани за државно земјоделско земјиште под концесија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?