Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори
АгровестиМеханизација

Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори

Објавено 23/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сто и десет земјоделски производители од Тиквешко се пријавиле за грант за набавка на нови трактори, а 23 апликации има за грант за жени носители на регистрирано земјоделско стопанство, велат за МИА раководителот на Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино Ѓорѓи Ајтов и советникот во кавадаречката Подрачна единица Драган Николов.

Грантовите се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Во Неготино се пријавиле шеесетмина за трактор и 12 жени земјоделки за грант, а во Кавадарци 50 земјоделски производители за трактор и 11 земјоделки за поддршка за набавка на опрема во земјоделството.

-За да се добие поддршка за трактор, треба да се има пријавено земјоделско стопанство со над два хектара земјоделска површина, а предност е ако се обработуваат житни култури. На земјоделските производители чиишто апликации ќе бидат прифатени, главно ќе им бидат исплатени половината од вложените пари за набавка на нов трактор. На младите земјоделски производители до 40 години, им се исплатуваат 55 проценти од вложената сума, а грант од 75 проценти од сумата за трактор добиваат оние, коишто стопанисуваат со парцели со отежнати услови за работа, објаснува Ајтов.

Тој нагласи дека грантови од по 6 000 евра ќе добијат жените носители на регистрирани земјоделски стопанства, за набавка на опрема за соодветно земјоделско производство./МИА/

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:грантмзшвпроизводителитрактори
Претходен напис Нов ИПАРД повик за преработувачка индустрија во износ од 5 милиони евра се очекува да биде распишан во јуни годинава
Следен напис Одлична вест за агрокомпаниите: Наскоро нови 5 милиони евра од ИПАРД по брза постапка, најави Николовски, еве ги условите за аплицирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?