Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зимска резидба на виновата лоза – Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Зимска резидба на виновата лоза – Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца
Совети

Зимска резидба на виновата лоза – Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца

Објавено 02/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Резидба е ампелотехничка мерка со која одредени делови на виновата лоза се прекратуваат или целосно се отстрануваат. Резидбата на виновата лоза се изведува во периодот на мирување т.е по завршување на вегетацијата, па сѐ до почетокот на сокодвижењето. Резидбата потребно е да биде навремено и стручно изведена. Земјоделците со поголеми површини лозови насади, резидбата ја почнуваат порано, најчесто во почетокот на декември. Лозата орежана порано т.е наесен, порано ја започнува вегетацијата.

Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски темеператури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март. За време на резидбата се одстрануваат 90% од ластарите. Иако со резидбата се создаваат одредени рани на лозата, резидбата преставува неопходна ампелотехничка мерка со која се регулира порастот и родноста на лозата.

Со резидбата се остава само одреден број на родни окца што одговара на кондицијата на лозата, условите на средината, при што се регулира родноста и квалитетот на грозјето. При резидбата најпрво се отстрануваат болните oштетените и стари органи, при што лозата се регенерира, а со тоа се продолжува и векот на виновата лоза. Со оваа значајна ампелотехничка мерка се овозможува и правилен распоред на надземните органи.

Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца. Во зависност од еколошките услови, применетата агротехника и агробиолошките својства на одглегуваните сорти винова лоза, на лозата ѝ се дава одреден облик со примена на разни начини на резидба. Кај нас најчесто применуван е (мешовит) Двокрак Гиов начин на резидба.

Лозата при овој начин на резидба во полна родност има два крака и на секој крак се остава по еден краток кондир за замена и по еден лак за род. При редовната резидба се отстрануваат лаковите кои донеле род во претходната година, повисоко поставените ластари на кондирите се режат на лакови од 6 до 12 окца во зависност од сортата, а пониско поставените ластари на кондирите, се прекратуваат на кратки кондири, најчесто на две окца. Дебелината на лакот најдобро е да изнесува од 8 до 12 милиметри. На оставените кондири ќе израстат ластари кои ќе послужат за замена на лаковите кои донеле род. Ако во насадот постојат заразени лози од вируси и фитоплазми, а се претходно обележани, таквите лози се кројат последни во насадот и ластарите се изнесуваат и запалуваат. Пред да се почне со резидба, алатот кој се користи (ножици и пили) потребно е да се дезинфицира со чист алкохол, а секако и да се наостри. Резидбата на виновата лоза се врши рачно или машински. Рачната резидба се извршува со ножици (макази). Механизираната резидба се извршува со пневматски и електрични ножици со што се намалуваат трошоците, а се зголемува квалитетот на резидбата.

Викторија во полна родност, режена на Двокрак Гиов начин на резидба

Дипл.зем.инж. Драганчо Николов АПРЗ РЕ Кавадарци

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:винова лоза
Претходен напис Методи за правилно определување на времето и количеството на вода за залевање кај земјоделските култури
Следен напис Николовска: „Рурално е модерно“ треба да биде државен проект за враќање на животот во селата на европски начин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?