Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: „Рурално е модерно“ треба да биде државен проект за враќање на животот во селата на европски начин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Николовска: „Рурално е модерно“ треба да биде државен проект за враќање на животот во селата на европски начин
Рурален Развој

Николовска: „Рурално е модерно“ треба да биде државен проект за враќање на животот во селата на европски начин

Последна измена: 02/02/2023 14:43
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

На годишната конференција „Година на нови можности“, на четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој-придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ стана збор и за Заедничката земјоделска политика која е насочена кон подобрување на продуктивноста, промовирање на руралниот развој и решавање на еколошките и климатските предизвици.

Беше кажано дека од планираните 386,6 милијарди евра буџет на ЕУ за оваа намена, 95,5 милијарди евра се одвојуваат за рурален развој , кој вклучува финансирање за руралните области. Каква е состојбата на домашен терен и колку во овој процес може да се вклучи, односно помогне дијаспората, свое видување даде Ленче Николовска, директорка на Агротим.

-Руралниот развој ми е најголем предизвик изминативе години. Враќањето на животот во селата, но на еден модерен, современ начин со сите услови што ги има градското население, особено за младите и новата модерна технологија е предноста која мора да ја искористиме. Зборуваме за живот во чиста околина, мирно секојдневие, работа од дома, фриленсери, пензионери кои можат да си го подобрат квалитетот на животот. Сето ова е можно, и според анализата што ја правиме преку Агротим, има интерес кај граѓаните.

Но ако ова го работиме како проект – „Рурално е модерно“, главниот носител мора да биде државата, односно Владата со сите институции кои се дел од овој процес, МЗШВ, Министерството за транспорт и врски, предводени од Министерството за локална самоуправа, а поддржано од европски фондови и можноста што ја нуди нашата дијаспора.

Да објаснам, кога во едно село вие ќе имате решена инфраструктура и основни услови за живот, (амбуланта, водовод, канализација, продавници, интернет), кога локалната власт ќе делува заедно со централната,  не само со финансиска поддршка туку и административна логистика за сите што сакаат да инвестираат во руралните средини, тогаш апсолутно фокусот ќе се пренасочи од градовите кон селата. Луѓето сами ќе сакаат да живеат во рурална средина, да ги поправат старите куќи од родителите, да изораат некоја напуштена нива, да почнат да се занимаваат со некој семеен агробизнис.

За сите нив МЗШВ има обезбедено средства преку Програмата за Рурален развој и директните субвeнции, но со дополнителна субвенција од страна на Владата во пари, како просечна плата за секој што сака да се живее во рурална средина, ќе биде доволна мотивација да се намали притисокот во градовите, тука најмногу мислам на Скопје. На годишно ниво, тоа не е голема финансиска ставка, а ефектот ќе биде голем и многу брзо видлив.

Активностите што сега ги има Владата на тема рамномерен регионален развој се добри и се во насока на проектот. Преку буџетската програма, планските региони и други фондови во руралните средини влегоа сериозни пари. Само преку ИПА инструментот за прекуграничната соработка 12,5 милиони евра се вложија во руралните подрачја. Со привлекување на инвеститори, кои преку кооперантски односи и договорно производство можат да развијат цел еден регион, или поголем развој на руралниот туризам кој е сега хит во ЕУ… само треба да се стават во систем институциите, приватниот сектор и локалната власт и резултатите можат да бидат уште поголеми.

Ова ќе го објаснам преку примерот со апликациите кои ги работиме со Агротим консалтинг за ИПАРД. Документацијата која треба да се обезбеди е во тесна врска со институциите од централната власт, но и со општината. Во таа насока, поголемата и поажурната работа на општинските власти може во значителна мерка да ја подобри инвестициската клима во таа општина и заеднички сите да помогнеме да се повлечат средствата од ИПАРД и други европски фондови.

На таква создадена клима за работа и услови за стопанисување, дијаспората ќе има поголема сигурност да инвестира и да ги вложи средствата во бизниси кои се водат како Услуги на рурално население , или да инвестираат во откупни центри, ладилници, капацитети за преработка и други агробизниси кои се тесно поврзани со нивната можност за обезбеден пласман во земјите во кои престојуваат.

И тоа е еден добар проект – тимови од тука, со подготвени анализи за слободно земјиште, огласи, ИПАРД, консултанти, администрација… сите заеднички да им претставиме конкретно каде се може да се аплицира и да се инвестира. Да им бидеме логистичка поддршка на потенцијалните инвеститори.

Значи можностите се големи, она што забележувам е голема желба од страна на Владата да се помогне, да се сработи, да има резултат. За неа ќе бидат политичките поени, но за мене поважно е што ќе имаме поголем рурален развој. Оти рурално е модерно и за ЕУ со бројката од 95,5 милијарди евра кои до 2027 година планира Унијата да ги инвестира токму во руралните области – пораката е пратена, изјави Николовска.

Може да ви се допадне

ЕУ планира нови субвенции за земјоделците за заштеда на вода
Spirit of Prespa: Совршен ден исполнет со прекрасни луѓе, највкусна храна и незаборавна атмосфера
Министерот за земјоделство Трипуновски во посета на земјоделците во Делчево
Ребеланс на буџет следниот месец
Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Таг:владаинвестициимзшврурален развојрурално е модерносубвенции
Претходен напис Зимска резидба на виновата лоза – Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца
Следен напис Почна распределбата на донацијата од италијанските карабинери, министерот Николовски и амбасадорот Силвестри денеска им ја врачија опремата на шумските полицајци од ШПС Штип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?