Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Правење вино во домашни услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Правење вино во домашни услови
АгровестСовети

Правење вино во домашни услови

Последна измена: 23/11/2019 16:29
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

За производство на квалитетно вино претходно треба да се произведе квалитетно грозје. Втор услов за производство на добро вино е добрата хигиена на садовите во кои се меле грозјето и садовите во кои се врши преточување и чување на виното. При мелењето на грозјето се отстрануваат дршките, а ширата престојува со комињето 3-4 дена, со цел во течноста да се екстрахираат повеќе боени материи и да се растворат повеќе танини. Боените материи го даваат добриот изглед на виното (кај црните вина), а танините вршат и природна заштита на младото вино. Со понатамошно зреење се разградуваат танините и се добиваат материи кои го дооформуваат букето на старото вино.

По издвојувањето на ширата од комињето, садовите се полнат до горе, така што ќе остане малку воздушен простор помеѓу површината на течноста и капакот на садот. Потоа се додава бентонит со цел да се наталожат покрупните честици во течноста. По 10-14 дена, колку што трае и бурната ферментација, се врши првото преточување при што се издвоЈува течноста од талогот и бентонитот и повторно садовите се полнат до горе со течност за да остане малку воздушен простор помеѓу течноста и капакот на садот. Се додава винобран 10 г на 100 литри вино и се затвора садот кој треба да испушта, а не и да прима воздух. Има садови со адаптирани капаци за оваа намена така што на капакот има отвор низ кој е спроврено црево и преку него се спроведува јаглерод диоксидот што се ослободува од течноста и преку цревото кое е потопено во вода се испушта СО2. Доколку не се изврши навремено преточување на виното, доаѓа до реакција во талогот, односно започнува разградување на белковините од наталожените честички и притоа се ослободува непријатна миризба на расипано јајце. По 5-6 недели, колку што трае тивката ферментација, се врши второ преточување, со цел да се отстрани финиот талог од виното кое е делумно избистрено, му се додаваат избиструвачи, како што се желатин или белка од јајце. Со белката треба да се работи внимателно бидејќи ако е се уште активно виното и ослободува меурчиња, тие ќе ја задржат белката на површината од течноста и во допир со воздухот таа ќе се расипе, а со тоа ќ е го расипе и виното. За бистрење со белка од јајце се користи една белка на 100 литри вино. По извршеното бистрење, виното се стабилизира на ниска температура, за да се уништат квасните габи во течноста, потоа се врши филтрирање и пакување во шишиња.

извор: ффрм.орг

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Таг:визбавиногрозјестароуслови
Претходен напис Карфиол – малку калории, многу здравје
Следен напис Имајте млад кромид во текот на целата година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?