Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повик за учество на Tендер за „Изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Повик за учество на Tендер за „Изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“
Агровест

Повик за учество на Tендер за „Изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“

Објавено 23/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави јавен тендер (Референтен број: 2021/CSAPC/REUTD/109117) за извршување на услуги за ‘’изградба на канали за одводнување, проширување на постојниот систем за наводнување и изградба на тампонирани патишта во село Егри, општина Битола“.

Активностите што ќе треба да се спроведат во рамки на тендерот вклучуваат градежни работи поврзани со земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје Егри, поконкретно: изградба на тампонирани патишта, изградба на нови канали за одводнување и изградба, т.е. адаптација на постојниот систем за наводнување со локално проширување во рамки на консолидационото подрачје.

На тендерот можат да учествуваат сите градежни компании регистрирани во Северна Македонија, кои поседуваат Б лиценца за градежни работи издадена од Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат. После успешна регистрација компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал (www.ungm.org/Account/Account/Login).

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 20 април (вторник) 2021 година, до 12:30 часот.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Таг:Егријавен повикканали одводнување
Претходен напис (Фото) Жељко Бебек поради короната не пее, но затоа бере грозје
Следен напис Обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци за Излезната фаза на Програмата за зачувување на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?