Подигнување на нови овошни насади се покажува како добра инвестиција особено во овој период со ковид кризата којa јасно ги дефинира приоритетите и перспективните бизниси, а тоа се производствата кои немаат проблем со пласманот.
Производството на фстак е нешто ново за македонското поднебје. Обиди и идеи за раширување на оваа овошна култура кај нас има како од науката така и од поединци кои се убедени дека може да се развие овој бизнис кај нас.
На овошните плантажи на компанијата „ЖИТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ“ од Велес, од пред 7 години опитно се насадени 30 садници фстак.
Идејата е на Жарко Ѓошевски еден од сопствениците и вљубеник во земјоделството, особено во новитети во аграрот и модернизација на производството. Така изгледаат и нивните најголеми и современи насади со круша на 35 хектари а исто така имаат и 20 хектари со трпезно грозје, винско грозје на 43 хектари и вишна 20 хектари.

-Мене отсекогаш ме интересирале новитети во земјоделството, нови култури, нови производства за кои има пласман и добра цена на европските пазари. За производство на фстаци идејата одамна ја разгоавравме со професорот од Земјоделски Факултет – ценетиот Борис Ристевски – кој велеше дека Македонското поднебје одговара многу за одгледување на фстак. Во Турција и Грција при мои посети, ми се потврди ова мислење и набавив садници да пробам како ќе успеаваат на наше поднебје – вели Ѓошевски.

Според него, фстаците плод започнуваат да даваат петата година но малку. Дрвата се слабо бујни и првите години тоа не расте. За ова време расте неговиот корен кој достигнува длабочина од 10 метри. Приносот е во зависност од многу фактори, сорта, растојание , вода, но се движи околу 2 -3 тони кога дрвата се во полна зрелост а тоа е после 8-9 години. Проблем е тоа што ретко се наоѓаат готови садници и се скапи , околу 25 евра. За ова производство генерации после нас ќе не благослуваат бидејќи ова дрво е вечно. Единствена култура која раѓа 100 години – заклучува Ѓошевски.
ШТО ВЕЛИ НАУКАТА ЗА ФСТАКОТ
Pistacio е дрвенеста култура која припаѓа на фамилијата (Anacardiaceae) и е листопадна култура со ниско стебло и успева во потопли региони. Висината на стеблото е до 10 м и животен век од 100 години, цвета во текот на месец март пред листањето. Цветовите се ситни, коренот е разгранет и навлегува во почвата до 7 м длабочина, плодод е коскест долг 1 до 2 см и широк 2см и кората пука во текот на созревањето .
Услови за одгледување – во топли региони, а не е осетлив на ниски температури што значи издржува температурни разлики од – 30 °C до + 42 °C и се одгледува на терени до 1.200 m n/v. Во однос на почвата не е пребирлива култура, а погодна е и на длабока и глинена почва бидејќи коренот навлегува длабоко во почвата.
– Време на садење е есен
-Потребни се машки и женски растенија за оплодување
-Првиот принос го дава од 5та година(доколку е од садник) а ако е од семка после 10 година
-Бербата е од јули до август
-Во полна родност едно стебло дава до 50 кг (30 кг без лушпа)
Покрај бројните предности, фстакот (Pistacia Vera) ретко се сади дури и во македонските домаќинства, според тврдењата на проф. д-р Борис Ристевски, еден од најценетите македонски научни работници во овоштарството. Како на овие простори, така и во светот оваа овошка е дефицитарна и покрај тоа што е украс на градината и е значително поотпорна на суша од другите култури.

Фастакот спаѓа во групата на јужни суптропски овошја, но како резултат на поголемата отпорност на мраз, може да се преобрази во топлољубиво долговечно континентално растение.
Еден од доказите за долговечноста се наоѓа во паркот на Земјоделскиот факултет во Скопје. Во далечната 1970 година на подлогите на Pistacia Terebintus (смрдливка) – див вид на фстаци кој опстојува во Македонија, окалемени се десетици гранчиња на Pistacia Vera. Овие овошки се развија и раѓаат веќе четириесет години, издржувајќи на температури и од 26 степени под нулата.
Од Иран, Турција, Сирија и некои земји од Медитеранот, каде што се одгледува на плантажи, фстакот е донесен во Европа.
„Плодовите се ситни со бели тврди семки кои пукаат при созревање и го ослободуваат мошне вкусното зелено јадро”. Фстакот се вбројува во најскапите и најквалитетни јаткасти овошја.

Опитно поле – Факултет за земјоделски науки и храна нуди садници
Ф’стаци сорта Kerman(женски) и машки сорта Peters, подлога Pistacija Atlantis,
Контењерскиот расад се сади директно, отвор на садно место 25х25см од причина што има вртенест корен и за два месеца прави корен од 1метар.
Почнува со род од трета година а после 6 години има принос од околу 10кг во зависност од начинот на одгледување,не сака тешки и непропустливи почви
Моментално кај нас може да се набават садници фстак преку Фирмата „Биоаграр Ресен“ (078 325 547 )
Се работи за садници од сортата EGINIS кои се садат после февруари – март откако ќе се покачат температурите. Според производителот, се садат на растојание 7 x 7 метри.
Цената годинава беше 16 евра за двогодишен садник. Родни стануваат 4 – 5 година, но за берба и профит од 8 година па следни 100 години даваат род. Долговечноста на насадот е една од факторите да се одлучите за овој вид на производство.
Цената на 1 килограм фстак годинава во Иран (водечки во ова производство) изнесувала од 6 -7.5 евра.
Од „БИОАГРАР“ велат дека цената на еден садник од сортата EGINIS ќе се знае во септември кога ќе треба да се направат и резервациите за да може да се подигнат во февруари. Оваа сорта која тие ја нудат дава плод кој напукнува што е важно за ова производство. Исто така потенцираат да се внимава многу која сорта се набавува затоа што има садници кои даваат род но потоа не напукнува и не се отвара плодот.
Бербата на фстакот може да биде рачна или машинска.
Уште една фирма „МЕГАПЛАН“ се бави со увоз на саден материјал од фстак. За повеќе информации на меил[email protected].

60% ОД ВКУПНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПОДИГНУВАЊЕ НА НОВ НАСАД СО ФСТАК МОЖЕТЕ ДА ПОКРИЕТЕ ПРЕКУ ИПАРД
Во следната табела имате приказ на сорти кои се прифатливи за ИПАРД

За подготовка на апликација можете да се обратите до Агротим – 071 225 345 која изработува апликации за добивање на средства за садници, орање, оградување на насадот, систем капка по капка…се што е потребно за да подигнете нов насад.
Прифатливи инвестиции или трошоци:
Набавка на повеќегодишни растенија- Набавка на материјал за садење/калемење и подлоги на овошни сорти (вклучително сорти на трпезно грозје)
Набавка на потпорна конструкција
Набавка на опрема за заштитни мрежи и покривки, заштита од птици, заштита од гром
Набавка на опрема за обработка на почвата, за заштита на растенијата, за бербени и постбербени активности
Услуги за подготовка на терен
Услуги за садење и обновување на насади
Услуги за поставување на опрема и конструкција
набавка на специјализирана земјоделска механизација и опрема за обработка, заштита, ѓубрење и берба на овошен насад и постбербени активности, – поставување на заштитни мрежи или прекрив
Инвестиции во објекти за наводнување и опрема за санација/надградба на постоечката мрежа на фарма, вклучувајќи нови резервоари за вода, цевководи, системи капка по капка, системи за пареа, инсталации за распрскување, пумпни станици, итн.

Уште една информација поврзана со оваа култура а тоа е начинот на калемење, со оглед на тоа дека има многу див фстак во нашето поднебје.
