Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките
Агровести

Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките

Објавено 07/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во државата се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а надлежните институции секојдневно ја следат состојбата и преземаат мерки за спречување на ширењето на болеста. Според последните официјални податоци, 50 се во Источниот регион, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион – информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

На прес-конференцијата во Министерството, тој апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции, навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи и да избегнуваат користење заедничка опрема без претходна дезинфекција.

Според Серафимовски, следењето на епидемиолошката состојба покажало дека еден од главните ризици за пренесување на заразата е стрижењето на овците со ножици кои претходно не биле соодветно дезинфицирани.

Министерот информира дека институциите веќе преземаат активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

– Обезбедувањето вакцини нема автоматски да значи започнување на вакцинацијата. Одлуката ќе се темели на стручна проценка на епидемиолошката состојба, ризикот и можните ветеринарно-здравствени и економски последици од вакцинацијата – истакна Серафимовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Серафимовски рече дека сточарите чии стада се погодени од појавата на сипаници кај овците ќе бидат обесштетени, а во тек се проценките и подготовките за обезбедување средства за исплата и дека моделот за обештетување е веќе утврден од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Тој нагласи дека Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство се во постојана комуникација и повторно упати апел до сточарите строго да ги почитуваат сите пропишани мерки.

– Свесни сме дека за многу семејства сточарството е основна дејност и извор на егзистенција, но мора да се почитуваат мерките. Шест месеци не е дозволено на истото одгледувалиште повторно да се внесе нов сточен фонд – нагласи министерот.

Според него, дел од проблемите со ширењето на болеста се резултат и на непочитување на пропишаните превентивни мерки.

Во однос на состојбата на терен, Серафимовски информира дека според информациите со кои располага, досега се евидентирани околу 10.000 угинати грла овци.

Министерот посочи дека надлежните институции будно ја следат состојбата и во соседните земји, особено поради ризикот од други заразни болести кај добитокот.

– Имавме работна средба со надлежните институции во Србија за размена на информации и искуства, а внимателно ја следиме состојбата и во Грција. Засега најголем предизвик за нас остануваат сипаниците кај овците и правиме сè за да го амортизираме ударот и да спречиме натамошно ширење на болеста – изјави Серафимовски.

Тој додаде дека бројот на ризични подрачја постојано се менува согласно епидемиолошките анализи што секојдневно ги спроведуваат надлежните служби. 

МИА

Може да ви се допадне

МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Бензините поскапуваат за три, дизелот за шест денари
Серафимовски за откупот на пиперки, ориз и грозје: Од Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе побараме да утврди за можна злоупотреба на пазарна моќ и нефер трговски практики
Зрелост и берба на грозјето
Таг:64 жариштаовцитепрепоракитесипанициугинати
Претходен напис Серафимовски: Владата ќе ги олесни условите за кредитирање на винарниците за зголемен откуп на грозјето, полесно до субвенции и за лозарите, овоштарите и поледелците
Следен напис Зрелост и берба на грозјето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?