Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика
Агровести

Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика

Објавено 22/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ја почна 12-та сесија од Работната група 1– Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на тема: „Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ”.  

Учествуваат клучни чинители во земјоделскиот сектор, претставници на релевантни институции, граѓански здруженија, истражувачи од академската средина и други стручни лица за областа

-Кога се соочуваме со економски, климатски и демографски предизвици земјоделскиот сектор е првиот на удар, меѓутоа овие кризи не треба да бидат само проблем кој треба да решава на стар начин, туку може да биде и можност за раст, развој, иновација и трансформација, но тоа бара повеќе напори. Европскиот модел на земјоделство којшто е базиран на одржливост може да пружи добар пример. Еден од главните проблеми е мерката за поттикнување на млади. ЕУ планира 25 милијарди евра поддршка за поттикнување на младите да останат во секторот на земјоделството. Мислам дека ова прашање кај нас треба сериозно да се дискутира да се дадат солидни предлози на тој план, истакна во воведното обраќање проф. д-р Милева Ѓуровска, Национален координатор на НКЕУ-МК.

Драган Тилев, државен советник во Министерство за европски прашања рече дека се очекува Собранието да ратификува два клучни договори, Инструмент за раст и Договор за заем со ЕУ, со што ќе се ослободат 7%  средства од буџетот и на тој начин ќе има средства за продолжување на реформите.

-До крај на годината околу 52/53 милиони евра ќе бидат ставени на располагање и на секои шест месеци ќе може да се повлекуваат средства во зависност од динамиката во реформите, истакна Тилев.

На сесијата учествуваше и Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка кој најави дека неговата земја нуди уште една можност за реформи, односно дека почнува проект чии средства ќе се користат за подобрување на дигитализацијата на менаџментот со водните ресурси.  

Сесијата треба да даде одговори на прашања околу прилагодувањето на домашната земјоделската политика кон стандардите на ЕУ.  Примери се структурата на земјоделството во Република Северна Македонија, во која доминираат мали и полупроизводствени фарми, влијанието на конкурентноста на секторот и усогласувањето со европските стандарди, демографските предизвици во земјоделскиот сектор, зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени, пристапот до фондовите на ЕУ, модернизирањето на земјоделските практики и руралниот развој, какви реформи и инвестиции се потребни за да се подобри позицијата на македонските земјоделски производители.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделстовотомладитеполитикаПоттикнување
Претходен напис Утре повремен снег претежно во западните делови
Следен напис Поголеми инвестиции во земјоделството и во човечкиот потенцијал на патот кон ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?